ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Франс метео: Жолто ниво за опасност од високи температури во Париз каде се одржуваат ОИ

July 30, 2024 09:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Париз. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Париз. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

 Француската метеоролошка агенција издаде предупредување за Париз и околните области за можно невреме и максимални температури од 35 степени Целзиусови што се очекуваат денеска во градот во кој се одржуваат Олимписките игри.

Агенцијата објави „жолто ниво на опасност“ – второ од четирите нивоа – за главниот град бидејќи топлотниот бран носи високи температури и на другите олимписки места низ Франција.

Уште повисоко – портокалово предупредување во сила е за Бордо и Лион каде вчера  температурите достигнаа близу 40 степени Целзиусови и ќе остане на сила денеска кога во овие градови ќе одржат олимписки фудбалски натпревари.

Жолто ниво за Париз беше издадена особено затоа што се предвидува дека „многу топли“ услови ќе останат во текот на ноќта, при што живата не се очекува да падне под 22 степени Целзиусови помеѓу вторник и среда. Тоа умерено ниво на тревога значи дека луѓето треба да „бидат внимателни“ на влијанието на топлината кога спортуваат или се занимаваат со друга физичка активност, велат од агенцијата.

Жештинаната силно ќе ја почувствуваат олимпијците кои се натпреваруваат во настани на отворено во текот на попладневните часови во Париз и неговите околни предградија.

Условите би можеле да бидат уште потешки кога Шпанија ќе игра со Египет во фудбал денеска попладне во Бордо. Метеоролошката агенција соопшти дека температурите би можеле денеска да достигнат до 38 Целзиусови степени во југозападниот град.

Слични високи прогнози се и за Лион, каде фудбалерите на Украина денеска ќе играат против Аргентина.

Во централниот град Шатору, кој е домаќин на олимписки стрелачки натпревари, температурите би можеле да достигнат 36 степени Целзиусови денеска, соопштија синоптичарите.

Во пресрет на Игрите, некои спортисти побараа да се прилагоди тајмингот на настаните и да се земат предвид високи температури и ризикот од топлотен удар.

Tags: високи температуриОлимписки игрипариз
Next Post

Триатлонот за мажи на Олимпијадата презакажан за утре поради загадувањето на Сена

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk