Не можеме да бидеме сигурни со каква динамика ќе се шири вирусот. Овие мерки се сериозни и ова не е шала. Значи кога велиме нема собири-нема собири. Ова мора да се почитува. Не може вака неодговорно да се однесуваат луѓето“, истакна Филипче на денешната прес конференција.
На Клиниката за инфективни болести има вкупно девет пациенти, а првозаболената чии резултати се негативни ќе биде пуштена на домашно лекување.
Од деветте пациенти една е од Скопје, и седум се од Дебар, од кои двајцата се брачниот пар, пет што дојдоа дополнително и четворицата од денеска.
Во изолација од првата група од 21 лица кои се сопатниците и досега кај нив нема симптоми, од втората група во изолација од 24 лица, 10 покажале симптоми, и четири се хоспитализирани.