ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Директорот на конзервативната платформа „Проект 2025“ се повлече по критиките од Трамп

July 31, 2024 10:13
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на „Проект 2025“, конзервативна платформа за потенцијален втор мандат на Доналд Трамп, си даде синоќа оставка поради критики од конзервитивниот блок, вклучувајќи и од поранешниот претседател.

Пол Данс, поранешен советник во администрацијата на Трамп и вработен во Фондацијата „Херитиџ“, го водеше „Проект 2025“ – план за работа на можната идната администрација, и го обликуваше  дискурсот околу тоа што конзервативците сонуваа дека би можеле да постигнат ако Републиканците се вратат во Белата куќа.

„Проект 2025“ предвидува радикално преобликување на федералната влада и американскиот живот, детално опишани во исцрпна книга од 900 страници, што стана омилен предмет за критика од страна на демократите, кои предупредуваат на враќањето на Трамп на власт.

Во изминатиот период Трамп го нападна „Проект 2025“, нарекувајќи некои од идеите „апсолутно смешни и ужасни“. Тој се трудеше да се дистанцира од работата, тврдејќи дека „нема идеја кој стои зад тоа“.

Високиот советник на Трамп, Крис Лачивита, неодамна ја нарече платформата „болка во задникот“ на кампањата на Трамп.

Повлекувањето на Данс беше потврдено од Кевин Робертс, претседателот на Херитиџ, институцијата која го промовира „Проект 2025“. Покрај повлекувањето од оваа платформа  Данс, исто така, ја напушта и фондацијата.

-Под водство на Пол Данс, Проектот 2025 го заврши точно тоа што за што беше напишан: обединување на над 110 водечки конзервативни организации за создавање на обединета конзервативна визија, мотивирана за префрлање на моќта од неизбраната административна држава назад кон народот, рече Робертс.

Оваа алатка  беше создадена во корист на секоја идна (конзервативна) администрација.

Лачивита и Сузи Вајлс,  менаџери на кампањата на Трамп, изјавија дека тимот на Трамп „повеќе од една година дава до знаење дека „Проект 2025“ нема никаква врска со кампањата, не зборува за кампањата, и не треба да се поврзува со кампањата или со претседателот на кој и да било начин.“

Tags: директороставкаПроект 2025
Next Post

Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир

НАЈНОВО

Почна аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026: Рокот е до 15 ноември

November 1, 2025
Фото: МИА

Предизборен молк пред вториот круг: Денеска гласаат болни, затвореници и изнемоштени лица

November 1, 2025

Само 10 отсто жени во трката за градоначалничко место во првиот круг, во вториот круг само три кандидатки

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk