ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРОМО & БИЗНИС

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026 18:25
in ZOOM IN, ПРОМО & БИЗНИС
Share on FacebookShare on Twitter

Мазутот што компанијата РКМ го испорачувала за потребите на ТЕЦ Неготино бил со соодветен квалитет, не предизвикувал загадување на воздухот и животната средина, а неговата употреба овозможила заштеда од повеќе милиони евра за државата и ги поштедила граѓаните од уште повисоки сметки за електрична енергија во екот на енергетската криза. Ова произлегува од вештиот наод нарачан од тогашниот директор на ТЕЦ Неготино, изработен во 2024 година.

Вештачењето ја анализира економската оправданост од активирањето на ТЕЦ Неготино во услови на енергетска криза и заклучува дека работењето на електраната било оправдано, бидејќи набавката на електрична енергија од унгарската берза, наместо производство со мазут, би ја чинела државата значително повеќе.

„Според посочените извадоци, Владата на РСМ донела одлука за активирање на ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија (ЕЕ) во услови на енергетска криза. За реализација на ова, Владата дала согласност за склучување договор за деловно-техничка соработка помеѓу АД ЕСМ и АД ТЕЦ Неготино, во тоа време посебно правно лице, а денес подружница на АД ЕСМ. Со оглед на општата состојба на пазарот на електрична енергија во цела Европа од средината на 2021 година, кога настанала енергетска криза предизвикана од недостиг на електрична енергија и, следствено, значителен раст на цените на ЕЕ, пуштањето во работа на ТЕЦ Неготино било оправдана одлука, земајќи предвид дека очекуваната цена на ЕЕ произведена во ТЕЦ Неготино била пониска од цените на ЕЕ на унгарската берза HUPX, кои во тој период се сметале за референтни за Македонија“, стои во вештачењето.

Во наодот се содржани месечни табели за произведената и потрошената електрична енергија, како и за приемот и потрошувачката на мазут во текот на 2022 и 2023 година, дополнети со годишен сумарен преглед. Документацијата покажува дека редовно била водена евиденција за приемот и потрошувачката на мазутот, а од расположливите податоци може да се заклучи дека динамиката на испораките од страна на РКМ била во согласност со склучените договори.

ТЕЦ Неготино е термоелектрична централа чија изградба започнала во 1975 година, а по завршувањето на првата фаза била пуштена во работа во 1978 година, со максимална трајна моќност од 210 MW. Централата како основно гориво користи мазут и може да работи со еден или со два котли, односно со половина или со целосен производствен капацитет.

Од 2009 година, ТЕЦ Неготино претставувала ладна резерва во електроенергетскиот систем на Македонија, сè до нејзиното повторно активирање во декември 2021 година поради енергетската криза.

Во периодот од декември 2021 до април 2023 година, ТЕЦ Неготино работела или со еден котел, со просечна моќност во опсег од 75 до 90 MW, или со два котли, со просечна моќност од 155 до 175 MW. Имало и периоди кога електраната не работела, што било уредно документирано со целосна документација, односно со налози за пуштање и прекинување на нејзината работа, достапни во доставениот материјал.

Според податоците за производство на електрична енергија во ТЕЦ Неготино, електраната во предметниот период работела со различен интензитет и капацитет, што е детално прикажано во табеларниот преглед по месеци за периодот од 2021 до 2023 година.

Вештачењето покажува дека со набавката на мазут и домашното производство на електрична енергија биле заштедени милиони евра, кои во спротивно би биле потрошени за увоз на струја од унгарската берза. Товарот на тие дополнителни трошоци, во крајна линија, би го сноселе граѓаните преку повисоки сметки за електрична енергија.

„Покрај месечниот преглед за сите месеци од предметниот период, на крајот е прикажана вкупната вредност на ЕЕ произведена во ТЕЦ Неготино и предадена на мрежата, која ориентационо, изразена во евра, изнесува 155,407 милиони евра, како и ориентационата вредност на ЕЕ доколку истите количества биле набавени на унгарската берза HUPX, без да се земат предвид дополнителните трошоци за пренос и увоз на ЕЕ во Македонија, која изнесува 167,550 милиони евра и е повисока од вредноста на ЕЕ произведена во ТЕЦ Неготино. Според ова, разликата помеѓу двете вредности изнесува 12,143 милиони евра, што покажува дека работењето на ТЕЦ Неготино може да се смета за економски оправдано. Оваа разлика би била уште поголема ако се земе предвид дека цената на увезената ЕЕ во Македонија би била повисока од цените на унгарската берза поради дополнителните трошоци.“

Мислењето на вештото лице е дека мазутот што бил користен бил со соодветен квалитет и ги исполнувал потребните услови за производство на електрична енергија.

„Мазутот што се користел бил со релативно добар квалитет за да овозможи производство на електрична енергија според очекуваните вредности за потрошувачка на мазут во ТЕЦ Неготино. Како дополнителен аргумент за квалитетот на мазутот може да се наведат и лабораториските извештаи за мерења на емисии на загадувачки материи во воздухот, вкупно седум, извршени во ТЕЦ Неготино во предметниот период кога работела електраната, во кои се констатира дека концентрацијата на чадни гасови од котлите не ги надминува граничните вредности пропишани со Правилникот…“

Во врска со прашањето дали постоела економска оправданост за активирање на ТЕЦ Неготино и каков е заклучокот од споредбата на производната цена на електричната енергија произведена во електраната со цените на унгарската берза HUPX, во точката 4 од вештиот наод е даден детален преглед и е направена споредбена анализа за секој месец од предметниот период, од декември 2021 до април 2023 година.

„Покрај месечниот преглед за сите месеци од предметниот период, на крајот е прикажана вкупната вредност на електричната енергија произведена во ТЕЦ Неготино и предадена на мрежата, која ориентационо, изразена во евра, изнесува 155,407 милиони евра, како и ориентационата вредност на електричната енергија доколку истите количества биле набавени на унгарската берза HUPX, без да се земат предвид дополнителните трошоци за пренос и увоз на електрична енергија во Македонија. Таа вредност изнесува 167,550 милиони евра и е повисока од вредноста на електричната енергија произведена во ТЕЦ Неготино. Според ова, разликата помеѓу двете вредности изнесува 12,143 милиони евра, што покажува дека работењето на ТЕЦ Неготино може да се смета за економски оправдано. Оваа разлика би била уште поголема ако се земе предвид дека цената на увезената електрична енергија во Македонија би била повисока од цените на унгарската берза поради дополнителните трошоци.“

И покрај ваквите наоди, предметот сè уште се наоѓа во Вишото јавно обвинителство, кое треба да одлучи по жалбата против одлуката на ОЈО ГОКК за запирање на истрагата поради недостиг на докази. Во меѓувреме, ЕСМ практично тврди дека постои штета која, според вештиот наод, не е утврдена.

Напротив, документот покажува дека нема економска штета, туку финансиска корист за државата и за граѓаните преку поевтиното домашно производство на електрична енергија. Истовремено, лабораториските анализи не утврдиле надминување на дозволените гранични вредности на емисиите на загадувачки материи во периодот што е предмет на истрагата.

Во тој контекст, останува нејасно врз што ЕСМ ја темели својата жалба, особено ако се има предвид дека претставници на компанијата, во искази дадени пред ОЈО ГОКК, навеле дека „им симнуваат капа на РКМ“ за експедитивноста и навремената испорака на мазутот.

 


ПР содржина 

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk