Тимот на Правниот Факултет на УЈИЕ составен од одличните студенти Стефани Стојчевска, Аргона Кучи и Флутура Џемаили под раководство на Проф. Д-р. Ведије Раткоцери и поддршка од Проф. Д-р. Аднан Јашари истовремено и Декан на Правниот Факултет, беше учесник на меѓународниот натпревар “Nuremberg Moot Court 2024” одржуван во Нирнберг, Германија од 24-27 Јули 2024 година, известуваат од УЈИЕ.
На овој престижен натпревар учествуваат околу 200 универзитети од целиот свет од кои само 40 од нив се квалификуваа во вербалната фаза, меѓу кои и тимот на УЈИЕ.
По две успешни рунди каде тимот се соочи со универзитетите од Небраска САД и Техеран – Иран успешно успеа да помине во третата фаза од натпреварувањето, односно да се пласира во најдобрите 16 универзитети кои го продолжија натпреварувањето.
“Nuremberg Moot Court” се традиционални натпревари организирани во Нирнберг, одржувани во Палатата на Правдата – историската судница 600 каде што се одржуваа судењата на нацистите по Втората светска војна во Нирнбершкиот трибунал.
На овие натпревари, тимовите учесници подготвуваат симулиран меѓународен криминален случај пред Меѓународниот кривичен суд и го застапуваат обвинителството и/или одбраната пред професионалната порота составена главно од судии и обвинители на Меѓународниот кривичен суд и меѓународните трибунали.
Ова достигнување, квалификацијата во првите 16 најдобри универзитети во светот, сведочи за квалитетот и посветеноста што Правниот факултет на УЕЈЛ ги има кон подготовката на студентите да се соочат со конкурентни предизвици од ваков калибар.