Францускиот пливач Леон Маршанд, Франција за два часа освои два златни медала на Летните олимписки игри 2024 година.
Се испостави дека тие споредби со Мајкл Фелпс не биле воопшто претерани кога станува збор за 22 годишниот Маршанд.
Маршанд синоќа испиша историја, победувајќи на 200 метри пеперутка и 200 градно со разлика од околу два часа помеѓу настапите пред домашната публика.
Две исцрпувачки трки. Две различни дисциплини. Два олимписки рекорди. Два златни медали.
„Навистина уживав во секој момент од тие две финалиња“, рече Маршанд. „За мене беше навистина неверојатно да пливам. И тоа беа навистина добри противници. Навистина сум горд на сè“.
Маршан претхоно во неделата освои златен медал и на 400 метри мешано.
Ј. Ѓ.