Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Никола Јаничиќ е прогласен за најкорисен играч на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое синоќа заврши во во Скопје.
Селекторите на 22-те селекции на собирот на јуниорите од Дивизијата „Б“ одлучија Јанчиќ да го понесе признанието МВП.
Јаничиќ беше одличен и во финалниот натпревар одигран синоќа во кој Македонија беше подобра од Австрија, и промовирана во шампион на Европското првенство за кошаркари „Под 18“ години.
Реализираше 30 поени, пет скока, четири асистенции, исто толку освени и три загубени топки, сето тоа за индекс 31.
Во изборот на идеалната петорка на Европското првенството Б-дивизија во Скопје се најдоа и две имиња од македонската репрезентација.
Покрај најкорисниот кошаркар на шампионатот, Никола Јаничиќ, во изборот на ФИБА се најде и Марко Луканоски.
Покрај македонскиот двоец, во ТОП 5 на Европското првенство во Скопје се најдоа уште и двајца репрезентативци на Австрија, Имран Суљановиќ и Фун Шот, а идеалната петорка се комплетира со Бугаринот Александар Гаваљугов.