ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Нобеловецот Мухамед Јунус се врати во Бангладеш за да застане на чело на привремената влада

August 8, 2024 15:39
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Добитникот на Нобеловата награда за мир за 2006 година, Мухамед Јунус, пристигна во Бангладеш за да застане на чело на привремената влада, која треба да положи заклетва подоцна попладнево, на само три дена откако владата на премиерката Шеик Хасина Вазед беше соборена во насилните студентски протести, јави ДПА.

Началникот на Генералштабот на армијата на Бангладеш, генерал Вакер Уз Заман и клучните организатори на студентското движење против дискриминација го пречекаа Јунус, пионер во микрокредитирањето против сиромаштијата, на аеродромот во главниот град Дака, каде што пристигна со авион од Париз.

Приватните телевизиски канали во Бангладеш директно го пренесуваа неговото пристигнување од аеродромот, додека неколку илјади луѓе се собраа надвор да го пречекаат.

Попладнево во претседателската палата во Бангабабан Јунус треба да положи заклетва заедно со група советници во предложената преодна влада

Одлуката за негово именување беше донесена во вторникот на состанокот меѓу главните организатори на протестите, високи офицери и претседателот на Бангладеш Мохамад Шахабудин.

Во меѓувреме, ситуацијата во Дака почна да се нормализира, а од вчера канцелариите, банките и компаниите делумно се отворени, три дена откако поранешната премиерка поднесе оставка и побегна во Индија.

Во отсуство на полиција, на улиците беа забележани студенти кои го регулираа сообраајот на различни крстосници низ градот. Некои од нив ги боеја ѕидовите, кои беа обоени со антивладини графити и пароли за време на насилните студентски протести.

Во насилните протести, што почнаа во јули, загинаа околу 400 лица, а беа иницирани со барањата за прекинување на контроверзниот владин систем за квоти за работни места.

Next Post

Индиското МНР соопшти дека пребеганата Шеик Хасина самата треба да одлучи што ќе прави во иднина

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk