ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коалицијата ВЛЕН најави уставен амандман за повратно дејство во случаи со застарени кривични постапки за избрани и именувани лица

August 9, 2024 14:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата ВЛЕН денеска најави уставен амандман со кој законите ќе можат да имаат повратно дејство и во случаите повразни со застарување на кривичната постапка за сторени злоупотреби од страна на избрани и именувани лица. Според нив, овој амандман ќе ја приближи нашата држава голем чекор напред кон интеграциите во Европската Унија.

Како што информираше на денешната прес-конференција портпаролот на ВЛЕН , Фари Хисени, нивниот конкретен предлог е законите да можат да имаат повратно дејство и во случаите поврзани со застарување на кривичната одговорност за сторени злоупотреби од страна на избрани и именувани лица при практикување на јавни овластувања, со кои е причинета штетата на јавните фондови, буџетските средства на централно и локално ниво и со таквите злоупотреби е стекната противправна имотна корист.

– Со овој амандман се дополнува членот 52 од Уставот на РСМ. Овој амандман ќе биде став 5 и ќе следи по став 4 кој предвидува дека „законите и другите прописи не може да имаат повратно дејство освен во исклучок во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните“, појасни Хисени.

Дополни дека предложениот амандман ќе биде основ и ќе отвори можност со измени и дополнување со нов член – 112а во Кривичен законик да се предвиди одредба со која евентуалните кривични дела сторени од избрани и именувани лица кои се категоризирани како кривични дела против службената должност никогаш да не застаруваат. Што, како што дополни подразбира и проширување на опфатот на конфискација на противправно стекнат имот пишан на трети лица.

Хисени потенцираше дека со овој амандман ќе се даде уставен основ за ревизија на сите правосудни постапки за поранешни и сегашни избрани и именувани лица кои се прекинати заради застареност на евентуалната кривична одговорност.

– Со овој амандман, впрочем, ќе се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за обезбедување на владеење на правото, правна сигурност и еднаквост пред законите и правосудните постапки за сите избрани и именувани лица кои на предлог на политичките партии извршувале или извршуваат функции во законодавната, извршната или локалната власт, а кои го злоупотребуваат своето влијание и вршат притисоци да ги пролонгираат постапки против нив додека истите не застарат, посочи Хисени.

Тој ги повика ДУИ, доколку сакаат да се справат со политичката корупција да се изјаснат дали ќе се потпишат на нивната иницијатива за измени на Уставот.

– Целта на Коалицијата ВЛЕН е да изградиме уставен механизам кој ќе ги адресира сите избрани и именувани функционери во законодавната, извршната и локалната власт кои со незаконско обавување на службена положба стекнале противправна имотна корист. Политиката не смее повеќе да биде најпрофитабилен бизнис – или ќе им служиме на граѓаните и државата во вистинска смисла на зборот или ќе станеме земја на духови, сите млади ќе си заминат и нема да има каде да се вратат. Затоа, ако ДУИ навистина сака да се расчистат сите случаи на политичката корупција ама со правосудни последици, а не само со забрана на занимавање со политика веднаш да се изјасни дали нивните пратеници ќе се потпишат на нашата иницијатива за измени на Уставот кој сме силно убедени дека треба да ги обедини сите политички партии во Република Северна Македонија, рече тој.

Во однос на прашањето кога да се очекува овој уставен амандман, одговори дека ќе има широка дискусија од која ќе треба да произлезе најсоодветна содржина.

Одговарајќи на новинарско прашање, Хисени денеска рече дека гласините за дестабилизација на ДУИ се само обид за паника.

– ДУИ веќе е опозициска партија. ДУИ веќе е немоќна партија. Граѓаните Албанци веќе не се во поддршка на корумпирани политичари и политичари кои злоупотребувајќи ја нивната службена должност се збогатувале на грбот на Албанците, така што верувам дека нивните гласини за можна дестабилизација е само обид за паника, а не дека може нешто конкретно да направат. ДУИ секогаш кога се обраќа го прави обратното. Значи, ако ДУИ вели дека ние ќе работиме за државата, они работат против државата. Кога ДУИ вели дека ќе работат за Албанците, они го прават спротивното – работат против Албанците. Кога ДУИ вели дека ќе се бориме против корупција, они се до грло внесени во корупција. Така што, нивните изјави, нивните обиди да манипулираат со јавноста се веќе прочитани и видени, рече тој.

Во однос на нивните сознанија за каква дестабилизација станува збор Хисени рече дека тој израз потекнува од ДУИ и треба тие да појаснат.

Next Post

Бранимир Јовановиќ: Северна Македонија може да заврши на „црна листа“ за даночни прашања

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk