ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ЦУК: Моќна механизација од „Бехтел Енка“ помога во спречување шумски пожари

August 11, 2024 11:51
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Бехтел и Енка. Фото: Скриншот

Бехтел и Енка. Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Моќен булдожер или багер може да заврши поголема работа и од хеликоптер, доколку условите на теренот дозволуваат негово движење за изработка на доволно широк противпожарен појас кој огнот не може да го помине. Во борбата со огнената стихија која почнувајќи од минатиот месец ја зафати Македонија, за нас како држава секоја помош е добредојдена. Затоа го активиравме ЕУ механизмот за цивилна заштита, но истовремено континуирано баравме помош на локално и на централно ниво, од домашни и странски градежни компании кои располагаат со тешка градежна механизација, информираат од Центарoт за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму нагласуваат дека помош во градежна механизација понудила компанијата Бехтел ЕНКА, изведувач на проектот за автопатите Коридор 8 и Коридор 10д.

„На големо задоволство на Главниот штаб за управување со кризи, помош во градежна механизација ни понуди компанијата Бехтел ЕНКА, изведувач на проектот за автопатите Коридор 8 и Коридор 10д. На конструктивна средба помеѓу директорот на ЦУК Стојанче Ангелов со претставници на Бехтел ЕНКА беше договорена нивна брза реакција доколку за гаснење на некој пожар се појави потреба од нивната градежна механизација.

Во среда попладне (07.08.2024 г.) од Бехтел ЕНКА побаравме итно да помогнат со еден моќен багер за проширување на пристапниот пат и ископување широк противпожарен појас околу воен објект над густо населената област кај село Челопеци во општина Кичево, за да се спречи ширењето на големиот пожар на отворен простор. Набргу потоа багерот беше донесен на потребната локација, веднаш започна со работа и рекордно брзо го изработи потребниот појас.

Бехтел ЕНКА, исто така во четвртокот наутро (8 август 2024 г.) ја распореди својата опрема од трасата на Коридорот 8 во Делница 2, за да го ограничи и сузбие пожарот во непосредна близина на бачилото во села Бањица, општина Гостивар.

Голема благодарност до Бехтел ЕНКА за нивната отвореност за соработка како и брзата реакција со која беше спречено ширењето на овие застрашувачки пожари.

Ги повикуваме и останатите домашни и странски компании, доколку се во можност, со своите ресурси да помогнат во борбата против огнената стихија“, се нагласува во соопштението од ЦУК.

Tags: „Бехтел и Енка“пожариЦУК
Next Post

(ВИДЕО) Српските кошаркари ја пеат „Македонско девојче“ во Париз, на забава по освојувањето на бронзениот медал

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk