ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

ЈО: Возач на автобус на ЈСП осомничен за предизвикување тешка сообраќајна несреќа

August 13, 2024 15:23
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За предизвикување на вчерашната сообраќајна несреќа во која загина 17-годишно момче, осомничен е возачот на автобусот на ЈСП-Скопје, 51-годишен скопјанец, против кого Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка постапувајќи по кривична пријава.

Како што информира државното Јавно обвинителство, „постои основано сомнение дека возачот сторил кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Во допис до медиумите ЈОРСМ наведува дека вчера (12 август) осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи автобус сопственост на ЈСП Скопје по општинскиот пат Шуто Оризари – Горно Оризари, „не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето“.

-Кога дошол во близина на крстосница со сервисна улица која го поврзува општинскиот пат со улицата „Александар Урдаревски”, постапил спротивно на член 25 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па со автобусот свртел во лево за да избегне кабаст отпад, шут и друго ѓубре расфрлани по десната страна на коловозот и преминал на левата страна, односно на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока. Дејствието го сторил невнимателно, без претходно да се увери дека може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот и имотот, не водејќи притоа сметка за положбата, правецот и брзината на движење. Како резултат на наведениот пропуст, со предниот лев дел од автобусот се судрил со автомобил „форд галакси” со скопски регистарски ознаки, со кој управувал 17-годишник кој немал стекнато право за управување со моторно возило, информира Обвинителството.

При ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди од кое починало, а неговиот сопатник во автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност.

ЈОРСМ соопшти дека надлежниот јавен обвинител за осомничениот предложил мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и забрана за издавање нова, привремено одземање на возачката дозвола, забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, како и обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице. 

Tags: автобусВозачЈОРСМСообраќајна несреќаСП
Next Post

Ахмети: Македонците може да напредуваат само во добри односи со Албанците, заедно се посилни

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk