ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата Мицкоски потпиша меморандум за соработка и разбирање со ЗЕЛС

August 13, 2024 19:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потпиша Меморандум за соработка и разбирање со Здружение на општини Заедница на едниците на локалната  самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС).

Како што соопшти владината прес-служба, овој Меморандум за соработка се склучува како израз на соработка, претставува дефиниција на формите и начините на идната соработка, ги утврдува приоритетите и идните проекции на развојот на системот на локалната самоуправа во Републиката.

-Владата и ЗЕЛС заеднички декларираат дека се согласни да спроведат поголем обем на децентрализација на власта како политички процес кој правно ќе заврши со пренесување на голем опфат на надлежности од државните органи на управата во надлежност на единиците на локалната самоуправа. Заради остварување на целите на соработката, двете страни се согласни да изготвуваат годишна програма на приоритетни активности кои ќе бидат цел за реализација во тековната година, се посочува во соопштението.

Реализацијата на целите и заложбите утврдени со овој Меморандум ќе се спроведува преку формирање на работни тела или мешовити Комисии во кои покрај избрани претставници и функционери учество ќе земат и претставници од стручната администрација и надворешни експерти.

Двете страни ќе го применат моделот на анализа и имплементирање на меѓународни позитивни пракси на докажано успешно функционирање на системот на локална самоуправа во дадената област. Двете страни се согласни дека процесот на децентрализација треба да биде приоритетно проследен со обезбедување на зголемен обем на директни дотации и изворни приходи на секоја единица на локалната самоуправа. Моделот на обезбедување на финансиски средства како приход за општините преку утврдениот процент од прибраните средства по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) и персоналниот данок на доход ќе биде предмет на взаемно усогласување во постојан нагорен тренд на утврдениот процент наменет за локалната самоуправа.   Двете страни се согласуваат дека секоја година треба да се организираат буџетски преговори, помеѓу ЗЕЛС и Министерство за финансии, каде ќе се усогласат ставовите, потребите и можностите на централната и локалната власт.

Како што се наведува, двете страни се согласни дека средствата наменети за капитални инвестиции треба да бидат изворни трансфери на средства со соодветна намена. И Владата и ЗЕЛС се согласни дека ниту еден од прописите од областа на урбанистичкото планирање, градење или градежното земјиште нема да биде изменет и дополнет или изготвување на нов текст на предлог – закон или друг пропис без претходна консултација со ЗЕЛС.

Двете страни го афирмираат ставот дека донесувањето на урбанистички планови и урбанистичко – планска документација е услов за остварување на проектираниот развој, заради што двете страни ќе го стават ова прашање како највисок приоритет. И Владата и ЗЕЛС се согласни да воспостават пракса на одржување на заеднички седници на Владата и Управниот одбор на ЗЕЛС на која ќе се изврши консултација за прогресот, тековните приоритетни прашања и анализа на проблемите со кои се соочуваат општините во Републиката, се посочува во соопштението.

Tags: ЗЕЛСМицкоски
Next Post

Нетанјаху го обвини министерот за одбрана за „анти-израелски наратив“, разоткривајќи го раздорот околу војната во Газа

Најново

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

April 28, 2026

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски – Владата нема напредок во реформите и свесно го блокира европскиот пат

April 28, 2026
Photo: Eva Rinaldi, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Започна судењето за планираниот напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена

April 28, 2026
Фото: Скриншот, видео, Вашингтон, Бела Куќа на ФБ

Кралот Чарлс пред Конгресот на САД: Повик за единство во време на затегнати трансатлантски односи

April 28, 2026
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Дерала за „Порталб“: Сегашниот Изборен законик е само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk