ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Куќен притвор за полицаец, насилно допирал и бакнувал девојка која ја запрел во Скопје

August 15, 2024 16:39
in ДЕНЕС, ХРОНИКА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција повело истражна постапка против полициски службеник од полициската станица Бит Пазар осомничен за обљуба со злоупотреба на положбата.

-Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник. На осомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело „Обљуба со злоупотреба на положбата“ по член 189 став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението од Јавното обвинителство на РСМ.

Постои основано сомнение дека, како што се посочува, осомничениот – униформиран полициски службеник од ПС Бит Пазар, на 31.07.2024 година во 22:30 часот на бул.Крсте Мисирков во Скопје, пред хотел „Дајмонд“, со злоупотреба на својата положба ја навел оштетената која во моментот била во однос на подреденост да изврши друго полово дејство на тој начин го понижил нејзиното човеково достоинство и човековата личност.

-Осомничениот, постапувајќи по наредба за вршење на дејност на сообраќајни прекршоци од Законот за безбеност на сообраќајот на патиштата, со светлосен знак ја запрел оштетената која управувала ПМВ марка „Митсибуши Колт“ и при проверката на документацијата утврдил дека оштетената го управува возилото без возачка дозвола. Наместо да изготви и да ѝ врачи прекршочен платен налог, тој преку отворена возачка врата на возилото каде седела оштетената и ги фатил рацете и со главата и горниот дел од телото влегол внатре во возилото и ѝ ја повлекол маицата па почнал да ја бакнува по градите, вратот и лицето. Потоа напуштајќи го возилото ѝ рекол „Сега ќе те пуштам. Јас морам да пипнам, морам да видам“ и со трескање ја затворил вратата од возилото на оштетената ѝ одобрил да си замине. Оштетената го ставила возилото во движење и го пријавила настанот, по што во координација со јавен обвинител беа преземени предистражни дејствија за расветлување на случајот. Врз основа на земени примероци за ДНК и извршено препознавање беше утврден идентитетот на полицискиот службеник и против него е поднесена кривичната пријава, се наведува во соопштението.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци ќе ја попречи истрагата, предметниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје предложил на осомничениот да му се определи мерката притвор.

-Судијата на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и забрана за издавање нова, за што обвинителството како незадоволно од ваквата одлука ќе поднесе жалба, особено имајќи предвид дека запретената казна за кривичното дело за кое се товари осомничениот е најмалку пет години затвор, се наведува во соопштението од ЈОРМ. 

Next Post

Кајакарот Љубомир Спасиќ трет на Светското првенство во Саберо, Шпанија

НАЈНОВО

Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“

August 28, 2025

Меџити со мотото „Само за ТЕБЕ Чаир“ ќе учествува на локалните избори

August 28, 2025
Фото: Агенција за филм

„Мајка“ на Теона Митевска премиерно прикажан на Венецискиот филмски фестивал

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk