ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Мојот личен став е дека треба да се поддржи интерпелацијата за Гаши

September 2, 2024 11:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Мојот личен став е дека интерпалацијата за собранискиот спикер треба да се поддржи заради тоа што премногу престапи се направија и во јавноста ние бевме тие кои ја запознаа за тие работи. Не само ние, институции излегоа и го констатираа прекршувањето на одредени правила на однесување на функционерите. Меѓутоа, дозволете  ова е само мој став кој јас ќе го бранам и ќе го изложам за време на денешната координација, но дозволете партијата да заземе официјален став, одговори денеска на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој присуствуваше на почетокот на новата учебна година во ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје.

На новинарско прашање за средбата со поранешната министерка за култура Бисера Костадинова Стојчевска и дали ако се утврдат неправилности ќе побара таа да се повлече од функциите, лидерот на СДСМ  смета дека партијата на власт треба да ги даде сите документи на институиците, а не да тера партиски ПР.

-Сметам дека е апсолутно недозволиво партија којашто е на власт да користи такви информации и само да ги сервира на партиски прес конференции. Тоа е на еден начин партиски ПР, којшто не знам како им користи, веројатно тие си знаат. Треба да интервенираат и да ги дадат сите документи коишто ги имаат во институциите, тие да си отворат постапки и доколку се утврди некаква одговорност и преку таа одговорност да се преземат соодветни мерки, рече Филипче.

На прашање каков е неговиот став во врска со изјавата на претседателот на Уставниот суд за употребата на Законот за јазците, кој бил донесен кога СДСМ беше на власт и евентуалното укинување на овој закон може да има последици и да предизвика немри, претседателот на СДСМ рече дека не би коментирал изјава на ниту една друга инстутиција и колку што тој знаел Уставниот суд не одлучувал за севкупна употреба на Законот за јазици туку за парцијална. Во однос на тоа партијата ќе зазела став и во текот на следните денови ќе го соопштела на јавноста, пренесе МИА.

Next Post
Фото: Влада

Издавањето на патните исправи и на личните документи е под контрола и во рамките на законските 15 дена, тврди Мицкоски

Најново

Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk