ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД го конфискуваа авионот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро

September 3, 2024 09:08
in ДЕНЕС, СВЕТ

Властите во САД го конфискуваа авионот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро што се наоѓал на сервсирање во Доминиканска Република и синоќа го донеле во Флорида. Министерството за трговија испрати соопштение по овој повод во кое се тврди дека авионот Dassault Falcon 900EX, што Мадуро го користел за официјални патувања бил незаконски набавен преку лажна компанија и тајно извезен од САД.

 

Во соопштението се наведува дека сето ова било во спротивност со санкциите и законите за контрола на извозот.

-Ова задржување нека послужи како јасен сигнал: авионите незаконски набавени во САД за интересите на венецуелските функционери кои се под санкции не можат едноставно да полетаа во зајдисонцете, изјави Метју Акселрод помошник министер за спроведување извозни правила во Министерството за трговија.

-Без разлика колку е луксузен авионот и колку е големо влијанието на функционерите што го управуваат, ние ќе работиме неуморно со нашите партнери овде и ширум светот за да откриеме и вратиме кој и да било авион незаконски извезен од Соединетите Држави.

Авионот, регистриран во Сан Марино, бил наголемо користен од Мадуро за странски патувања, вклучувајќи го она на почетокот на оваа година во Гвајана и Куба како и на карипските острови.

Главниот обвинител Мерик Гарланд изјави дека овој авион бил тајно извезен од САД за користење од „Мадуро и неговите следбеници.“

Според претставник на Советот за национална безбедност на Белата куќа, ова е „важен чекор за Мадуро продолжи да ги чувствува последиците од своите злоупотреби во владеењето со Венецуела.“

Американските службеници тврдат дека сојузниците на венецуелскиот лидер користеле лажна компанија на Карибите за да ја сокријат својата вмешаност во купувањето на авионот вреден 13 милиони долари од компанија од Флорида.

Потоа авионот бил извезен од САД во Венецуела преку Карибите. Тоа се случило во април 2023 година а во рамки на зделка што има за цел да го заобиколи извршниот налог што им забранува на американските лица да вршат деловни операции со претставници на режимот на Мадуро.

Самиот Мадуро, неговите сојузници и нафтениот сектор на земјата-членка на ОПЕК се под строги санкции од САД. Акциите на Мадуро на неодамнешните претседателски избори ја зголемуваат веројатноста од воведување нови мерки против него и неговите функционери.

Next Post
Getty Images

Бразилскиот суд ја потврди одлуката на судијата за блокирање на Икс низ целата земја

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk