ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Муцунски и Мицковски решени да го сменат составот на Комисијата со Бугарија, Георгиев вели обвинувањата се навреда

September 5, 2024 15:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Превирања околу најавените кадровски промени во мешовитата историска комисија со Бугарија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски бил разочаран од работата на претседателот на Комисијата со Бугарија, Драги Георгиев. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека „актуелнат историска комисија не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ“. Георгиев, вели „премиерот ги навредил членовите на Комисијата, кои работеле шест-седум години“.

Политичарите и министрите имаат легитимитет од страна на граѓаните да носат политички одлуки, а научниците имаат обврска да вршат научна работа, смета министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, изразувајќи разочарување што, како што вели, деновиве гледа како „еден научник, кој што е ангажиран и доста коректно платен од државата, да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира додека е се уште во тековен мандат, како претседател на една од комисиите“.

Муцунски, изрази изненадување од однесувањето на претседателот на Комисијата со Бугарија, Драги Георгиев, со кое, како што рече се „поткопуваат надворешно-политичките позиции на државата“.

–   Прилично сум изненаден што деновиве гледам еден научник, кој што е ангажиран и доста коректно платен од државата, да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира и додека е се уште во тековен мандат, како претседател на една од комисиите. Со тоа се поткопуваат на надворешно-политичките позиции на државата. Ние, политичарите и министрите имаме легитимитет од страна на граѓаните да носиме политички одлуки, а научниците имаат обврска да вршат научна работа и искрено сум разочаран од таквиот пристап што го гледам деновиве, изјави Муцунски.

Интересот на државата треба да биде пред се и над се, нагласи Муцунски, а доколку имаат забелешка, на двајцата претседатели на Комисиите кои што се уште се активни „мојата врата е отворена и била отворена“.

– Сепак треба да бидеме максимално внимателни. Ние имаме обврска да креираме надворешна политика, да ја имплементираме таа политика што сме ја креирале, а тие кои што доаѓаат од научната фела, при нивниот ангажман да внимаваат да ја вршата нивната работа, поврзана со нивната научна функција и зошто се ангажирани од државата, изјави Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања за работата на историските Комисии, на прес-конференција по средбата со турскиот колега Хакан Фидан.

За да бидеме успешна држава, според Муцунски, сите треба да го работиме, она за кое што сме избрани да го работиме и да бидеме внимателни, бидејќи природата на работата на овие комисии е таква, да, како што вели, „може со мали гестови да се направи сериозна штета по интересот на нашата држава“.

Факт е, нагласи Муцунски, дека треба одредени кадровски промени, но не целосни, за како што вели, да има „одредени континуитет од кадровска гледна точка и во двете Комисии“.

– Ќе има кадровски промени, како што кажа претседателот на Владата. Се уште се консултираме меѓусебно. Сметам дека во следните неколку недели ќе има и конечна одлука. Во однос на кадровските прашања не би можел детално да одговорам, изјави Муцунски.

Уште од почетокот на својот мандат, посочи Муцунски, разбирајќи го значењето на овие две комисии инсистирал да има средби со нивните раководители – амбасадорот Габер и професорот Георгиев, кои ги оцени како коректни, со оглед на специфичната природа на тоа што го работат.

– Сметам дека имавме сосема коректни средби, каде што тие споделија со мене некои информации. Јас поставив до нив некои прашања, за да добиеме слика што работеле, што постигнале и што треба понатаму да се работи. Заради специфичната природа на тоа што го работат тие две Комисии не може сите работи да ги каже во јавност, бидејќи една од функциите е да штитат стратешки надворешно-политички позиции по однос на различни аспекти, изјави Муцунски.

Фото: Влада

Претходно премиерот Христијан Мицкоски најави дека многу бргу ќе има кадровска промена во мешовитата историската комисија со Бугарија, без да изнесува детали. Според него, актуелната мешовита комисија не ги оправдала очекувањата и не била заштитник на националните интереси на македонскиот народ.

– Не, политичка позадина нема. Нормално е дека нова влада, нови луѓе коишто управуваат со новата влада, да има и кадровски промени. Не гледам тука што е страшно. Лично ако мене ме прашувате за мислење мислам дека актуелната мешовита комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ. Инаку, да – логично е кога имате нова влада да има и промени во одредени институции, не гледам тука зошто би имало политика, изјави Мицкоски, која беше на манифестацијата по повод роденденот на Мајка Тереза.

Ко-претседателот на македонската страна во Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања од македонска страна, рече дека „премиерот ги навредил членовите на Комисијата, кои работеле шест-седум години, а кои се академски граѓани“.

Најодговорно тврдам дека никогаш, од ниту една страна, не дојде никаков притисок да се носи некаква одлука за сензитивни прашања. Во ниту еден случај, освен притисокот од јавноста што беше константен и негативен за работата на Комисијата, изјави Георгиев во интервју за ТВ Сител, пренесува Слободен Печат.

Иако ќе се менуваат членови на Комисијата, според Георгиев, без промена на методологијата за работа на Комисијата, ќе нема резултати.

– Со ова искуство што го имаме сега, по шест години, не би се нафатил да работам во таква комисија со таква методологија. Мора да размислат и македонската и бугарската страна, доколку продолжи работата, да се смени самата методологија бидејќи ваквиот начин на работа нема да даде резултати – рече Георгиев.

Георгиев рече дека „премиерот ги навредил членовите на Комисијата, кои работеле шест-седум години, кои се академски граѓани и кои успеале да изградат свој интегритет во македонското општество без разлика на сите неаргументирани шпекулации за нивната работа“.

– Кога ќе дојде изјава дека не сме ги бранеле националните интереси, а притоа многу малку се познава работата на Комисијата, тоа е крајно некоректно и неправедно кон членовите на таа Комисија. Тие одржаа 31 средба со бугарските колеги, постојат записници. И кога некој што не ја познава работата на Комисијата ќе даде таква паушална изјава дека не сме ги бранеле интересите, тогаш тоа е навреда за тие членови на Комисијата и во крајна линија е продолжување на хајката што се води против членовите на Комисијата дека тие ги издале интересите на македонскиот народ – рече Георгиев.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Комисијата е составена од историчари и професори од двете земји, а македонскиот тим го предводи академик д-р Драги Ѓорѓиев, член на МАНУ и професор на Институтот за национална историја (ИНИ) на УКИМ.
Ј. Ѓ.

 

Next Post

Фидан – Муцунски: Турција е докажан пријател и НАТО сојузник на Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk