Тенисерот број еден во светот го победи американскиот претставник Тејлор Фриц со 3-0 во финалето на УС Опен, по сетови 6:3, 6:4, 7:5 за два часа и 17 минути игра.
За 23-годишниот Синер, титулата во Њујорк е вторa Грен слем во кариерата. Претходно, на стартот од 2024 година триумфираше на Австралија опен, а годинава освои шест пехари и ја надмина заработката од 10 милиони долари.