ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Јаневска: Образованите асистенти постепено се комплетираат во основните училишта, најрано во јануари и во средните училишта

September 10, 2024 13:49
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром веќе работат 12 образовни асистенти за 15 деца со посебни потреби, а раководството очекува за некој ден да се докомплетира тимот.

Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, договори со образовни асистенти се потпишуваат и денеска, што значи, како што изјави, во следните денови асистентите постепено навлегуваат во училиштата.

– Повеќе пати кажав дека ова што се случуваше годинава е одраз на чекањето на  ребалансот на Буџетот и на релативното работење на училиштата на различни начини. Но, ресурсниот центар „Златан Сремец“ кој ја покрива оваа територија успешно го привршува процесот, денес во училиштево, а верувам и во другите има образовни асистенти, изјави министерката Јаневска, откако со в.д.градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски поделија таблети на четвртоодделенци од училиштето.

Јаневска повтори дека се работи на системско решение  за ангажманот на  образованите асистенти и оти со новите закони за основно, средно и средно стручно образование ќе се определи рок во кој ќе биде завршена целата постапка што ќе треба да биде готова до јуни.

Големата новина, рече Јаневска, е што обезбедуваме асистенти и за средните училишта, што досега не беше случај, а исто така и тоа што асистентите ќе го следат ученикот во целиот негов образован процес освен ако не престане потребата за асистент, ако асистентот одлучи  да се исклучи од овој процес или на силно инсистирање на родителите кои ќе сметаат дека нивното дете би можело да постигне подобар успех со друг  асистент бидејќи понекогаш е неопходна промена на асистент.

Очекува образовни асистенти во средите учичишта да има најрано во јануари 2025 година.

– Законот многу  скоро ќе биде ставен на јавна расправа, таа треба да заврши, па да помине на Влада, да се поднесе во Собрание. Многу скоро ќе биде ставен на јавна расправа, сите ќе можат да го видат и ќе можат и да реагираат ако имаат забелешки на некои членови, рече Јаневска.

Најавата за законска рамка за дуалното образование, како што појасни, ќе биде со Законот за средно стручно обарзование.

– Почнуваме шест закони што се меѓусебно поврзани – закон за основно, за средно, за средно стручно  образование, за образование на возрасни и закон за национална рамка на квалификации. Го додаваме и законот за учебници за да може проблемот да биде решен и да почнеме на мир следната година. Се надевам дека во октомври тој процес ќе биде завршен. Работиме на уште шест нови закони кои исто така треба брзо да се донесат – закон за наставници, за педагошка служба, за Државен испитен центар, работиме и на законот за високо обарзование.  Во МОН не чека тешка и долга зима, но ние продолжуваме со исто темпо, изјави Јаневска.

Tags: Јаневскаобразовани асистенти
Next Post

Уставниот суд промовира нова веб-страница за поголема транспарентност и објективно информирање на граѓаните

Shortcut

Најново

Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

МТФ „Војдан Чернодрински“: Менталното здравје на театарџиите под лупа, младите режисери дебатираа за современиот театарски јазик

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk