ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССКМ: Фер пазарна конкуренција ќе донесе придобивки за сите

September 10, 2024 13:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Со примена на Законот за нефер трговски практики ќе се регулираат односите меѓу претпријатијата во синџирот на снабдување со земјоделство и храна, кој треба да обезбеди примена на трговски практики во целокупниот синџир на снабдување со земјоделски и прехранбени производи.

Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики.

Според Законот, силата на супериорна преговарачка моќ е регулирана во прагови на остварен вкупен
годишен приход од продажбата на производи и услуги искажан во годишната сметка и во годишниот финански извештај, односно билансот на успех на купувачот и добавувачот.

“Ставот на ССК е јасен за законот за нефер трговски практики, ние нашите предлози ги поднесовме до сите релевантни институции навремено, предлог за сите основи прехрамбени производи кои се со 5 % и 10 % данок, со неговата примена македонската економија треба да биде пазарно ориентирана и во согласност со европските движења и на македонската економија е потребен реформски процес на либерализација, со носењето на законот ќе има порамноправен третман и ќе намали јазот на мали и големи компании. Ако се укинат предложените мерки, законот ќе нема во целост да може да се применува, каде е потребно државата по европски терк да ги регулира цените, ќе се зголеми конкурентноста и легитимно право како потрошувачи да го избереме најдобриот производ. Законот на долг рок ќе има бенефит и на големите маркети, заради присутност на он -лине продавници кои се ценовно конкурентни и заради он -лине купување кој е веќе тренд и многу застапен кај купувачите.
Дополнителен  проблем се царинските стапки, македонските царински стапки во однос на европските се до 3-5 пати поголеми, самите производители во целокупното деловно работење им е предизвик како да успешно функционираат, каде одредени производи имаат 30-40 % поголеми царински
стапки во спредба со европските.

Потребено е на македонската економија економски натпревар за пристојни цени, досегашниот ситем го гуши  тој натпревар,долгорочна стратегија и со примената на овој закон производите ќе го добијат своето место ,и најмалиот производител да биде застапен на пазарот”, истакна Ангелоски.

При склучување на договор за снабдување со земјоделски и прехранбени производи, добавувачот и купувачот се должни на јасен и недвосмислен  начин да прикажат објективна и разумна проценка за трошоците и плаќањето по единица, или вкупно плаќање, според утврден ценовник на купувачот. Во
ценовникот на купувачот треба да се наведени цените односно износите врз основа на кои ќе се пресметуваат надоместоците за наведените точки.

Висината на сите надоместоци вкупно не смее да биде повисока од 10% од остварениот промет во тековната година, кои јасно ќе се искаже во договорите според новиот закон за нефер трговски практики, посочија од ССКМ.

Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Кејт Мидлтон го заврши лекувањето на ракот, се надева дека наскоро ќе се врати на кралските должности

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk