ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Норис станува број 1 во Мекларен, ќе има наредби од боксот

September 12, 2024 12:08
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Приоритет на Мекларен до крајот на сезоната во Формула 1 ќе биде борбата за титулата на Ландо Норис, а тоа му е јасно и на неговиот тимски колега – Оскар Пјастри.

Сепак, шефот на тимот, Андреа Стела рече дека секоја поддршка за Норис ќе биде во согласност со принципите на правичност и спортски дух.

-Основниот концепт е дека ние сме неверојатно решени да победиме, но сакаме да победиме на вистински начин, рече Стела.

Пред трката за ГН на Азербејџан претстојниот викенд, Норис заостанува 62 поени зад лидерот Макс Верстапен, со уште 232 за освојување до крајот. Пјастри е четврти со 106 бода помалку од Верстапен.

-Нашите принципи се интересот на тимот секогаш да е на прво место – ќе го поддржиме Ландо, но не сакаме да ги компромитираме нашите принципи, додава Стела.

Во Монца, Норис и Пјастри се квалификуваа први и втори, потоа Австралиецот го престигна Британецот, а тоа резултираше со Шарл Леклер од Ферари да се пробие на второто место. Леклер подоцна победи на трката.

-Не сакаме повеќе да гледаме такви ситуации бидејќи тие му штетат на тимот. По таа трка имаме три цели – повторно да не се случи ништо на патеката што е штетно за тимот. Втората е – како да ги освоиме и индивидуалните и екипните првенства. Трето – не сакаме да бидеме непромислени во ова, истакна Стела.

Тимскиот шеф посочува дека било разговарано со возачите и дека двајцата прифатиле малку поинаков пристап.

-Дури и кога му реков на Оскар, дали би бил подготвен да се откажеш од победата? Тој одговори: „Би било болно, но ако е вистинската работа, ќе го направам тоа“. Импресиониран сум од тимскиот дух на двајцата, заклучува Стела.

Во поредокот кај конструкторите Мекларен заостанува само осум бода зад Ред Бул, а Ферари е трет со 31 бод помалку од Мекларен.

Tags: МекларенНорисФ1
Next Post

Албанија чекор понапред од Северна Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски чека стабилна бугарска влада

Shortcut

Најново

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk