ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Прилеп почна теaтарскиот фестивал за деца и млади „Силјан Штркот“

September 16, 2024 13:03
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Со претставата „Убавицата и ѕверот“ денеска во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ почна петтото издание на детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“. До сабота, детската и младинската публика ќе види пет претстави за деца и млади („Убавицата и ѕверот“, „Чернодрински се враќа дома“, „Бременски музиканти“, „Сомнително лице“, „Книголандија“), како и работилници за уметничките елементи за обликување на една претстава.

Организатори на детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“, се Здружението за култура, уметност и социјално претприемаштво Прилеп и актерките Марија Спиркоска Илијеска и Ангела Наумоска.

– Петта година театарскиот фестивал за деца  „Силјан Штркот“ е значаен настан кој продолжува да го збогатува културниот живот кај најмладите. Фестивалот нуди многу придобивки за развојот на децата и за културниот живот на заедницата. Тој е важен од повеќе аспекти: за развивање на креативноста кај децата, за збогатување на образованието, развивање на социјални вештини, јакнење на емотивната интелигенција како и за  критичкото размислување, вели актерката Марија Спиркоска Илијеска.

Фестивалот е битен чекор во продолжувањето на традицијата на промоција на театарот за деца.

– Секој ден имаме посета на градинки за најмалите деца да земат учество во интерактивните активности и игри. Работилниците кои се предвидени за оваа година, се од различен уметнички свет. Танц, ликовна уметност и драмска култура за да можат децата да се запознаат со основните принципи на и правци во уметноста, објаснува актерката Ангела Наумоска.

И  оваа година театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ ќе заврши со забава за целото семејство со „5+ Бенд концерт“.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура.

Next Post

Седум книги од регионот го добија овогодинешното признание „Штефица Цвек“.

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk