ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Златен круг на времето“ од Шопов во препев на словенечки: прв двојазичен избор од поезијата на македонски класик во ваков формат

September 18, 2024 10:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Словенија штотуку излезе од печат избор од поезијата на Ацо Шопов на македонски и во препев на словенечки јазик. Под наслов преземен од песна на Шопов –  „Златен круг на времето“ –, ова обемно и луксузно издание воспоставува дијалог помеѓу неговата поезија и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски.

Одд Фондацијата Ацо Шопов истакнуваат дека ова е прв избор од поезијата на македонски класик објавен во странство во ваков формат, којшто ги обединува сите препејувачи, односно преведувачи што во децениите наназад се имаат посветено на пренесување на моќта на македонската поетска реч во кодот на својот мајчин јазик.

Поконкретно, во изборот, со критички пристап се опфатени препеви на поезијата на Шопов на повеќе генерации преведувачи, започнувајќи од првите препеви остварени од Богомил Футур, Иван Минати и Цирил Злобец во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век со критички одглас на Фран Петре, преку препевите на Северин Шали и Јоже Шмит, во седумдесетите години, и заклучно со најновите остварени во 2023 година од Намита Субиото, Маја Ковач и Соња Цекова Стојаноска. Всушност, како што е нагласено и во книгата – „Ацо Шопов е еден од најпреведуваните македонски литературни уметници на словенечки јазик во XX век“, а нови препеви се случија и во ова столетие.

Во овој двојазичен избор од поетското творештво на „вечниот поет“ како што е наречен Шопов од Драги Стефанија се застапени песни од сите збирки на македонскиот класик, распоредени во неколку циклуси. Изданието содржи и обемна студија за словенечките преводи на поезијата на Ацо Шопов и за рецепцијата за неа во словенечката културна средина, од истакнатата македонистка и славистка, проф. д-р Намита Субиото, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

Изборот е објавен од Сојузот на македонските културни друштва во Република Словенија, а е резултат на комплексен проект за истражување на присуството и рецепцијата на поезијата на Шопов во Словенија. Проектот е инициран од Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и остварен е во текот на 2023. – годината во чест на Ацо Шопов, кога меѓу другото, по речиси половина век се остварија и нови препеви на неговата поезија на словенечки.

Цитирајќи интервју на Шопов дадено во Словенија во 1977 година, во предговорот на „Златен круг на времето“, Намита Субиото нагласува:

„Од ова интервју и од последната антологија со песните на Шопов на словенечки помина скоро половина век. Во јануари 2023 г. во рамките на 3-та Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, во групата за литература, во инспиративна атмосфера поттикната од лекторот Иван Антоновски, конечно започнаа да се создаваат и нови словенечки препеви на поезијата на Шопов: препеани се сите песни од последната збирка „Дрво на ридот“, потоа неколку значајни, но дотогаш непрепеани песни од претходните збирки, како и нови препеви на веќе препеаните песни […] голем дел од нив се поместени и во овој репрезентативен двојазичен избор“.

Изданието „Златен круг на времето“ е влог и на словенечката академска и културна средина во минатогодишното чествување на стогодишнината од раѓањето на Шопов, но истовремено и на половина век творештво на академскиот сликар Боге Димовски. Но, како исклучително критичко издание е објавено во годината кога се навршуваат осум децении од прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во современата македонска држава и од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија – „Песни“ од Шопов, како прилог кон чествувањето и на овие јубилеи.

Инаку, Шопов е прв македонски автор објавен во Словенија – избор од неговата поезија под наслов „Слеј се со тишината“ е објавен на словенечки во 1957 година –, а како културен деец и како препејувач дал значителен придонес во развивањето на македонско-словенечките културни врски. Меѓу другото, негов е и препевот на македонски јазик на познатата поетска книга за деца „Цицибан“ од словенечкиот поет Отон Жупанчич, објавен уште во 1951 година, којшто неколку децении беше и лектирно издание.

Изборот „Златен круг на времето“ е објавен со финансиска поддршка од спонзори и од Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија. Во Словенија веќе се закажани и првите промоции на книгата, и тоа во Љубљана, во организација на Сојузот на македонските културни друштва во Словенија и на македонската амбасада, и во Крањ во организација на МКД „Св. Кирил и Метoдиј“ од Крањ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ацо ШоповЗлатен круг на времето

НАЈНОВО

Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030

June 24, 2025

Мицкоски за извештајот на Вајц: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули

June 24, 2025

Нови 116 милиони денари за 47 проекти за развој на урбаните и специфичните подрачја, селата и центрите во планските региони

June 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јонузи: Политичките елити да не ги затвораат очите пред идеолошкото инфилтрирање од Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тато, дали сме ние во војна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Година дена Влада на Мицкоски: Европската интеграција во ќорсокак – уставните измени во застој, економски раст на хартија, инфлација на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk