ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Британскиот премиер прифатил подароци и донации во вредност од 100.000 фунти

September 18, 2024 14:42
in ДЕНЕС, СВЕТ

Британскиот премиер Кир Стармер објави дека износот на подароци, бесплатни билети за концерти и натпревари и бесплатно сместување сега надминува 100.000 фунти, што е повеќе од кој било друг лидер на лабуристите или конзервативците што имал во последните години, објави денеска Гардијан.

Премиерот прифатил речиси 40 бесплатни билети додека бил лидер на Лабуристите, главно за фудбалски натпревари, но и билети во вредност од 4.000 фунти за концертите на Тејлор Свифт и за Колдплеј од 698 фунти.

Оваа недела премиерот се најде на удар на критиките за подароците што му ги дал лорд Али, кој платил за работната облека на Кир Стармер 12.000 фунти, сместување во вредност од над 20.000 фунти и очила вредни 2.485 фунти. Голем дел од оваа сума била обезбедена за време на изборниот период, но по победата на лабуристите во јули, премиерот пријавил уште 4.000 фунти во билети за концертот на Тејлор Свифт и сместување од Али во вредност од 20.000 фунти. Лабуристите одбија да кажат дали Али го финансирал хотелското сместување на Стармер за време на изборите или тој позајмил еден од неговите имоти како база.

Дејвид Камерон, пак, додека бил лидер на опозициската партија,  пријавил дека добил подарок еден сет билети за Светскиот куп во рагби и за тренинзи, во вредност од 4.475 фунти. Поранешниот лабуристички лидер Џереми Корбин откри дека земал билети за фестивалот Гластонбери во вредност од околу 450 фунти за член на семејството две години по ред, но не прифатил гостопримство како лидер на лабуристите од 2015 до 2020 година – освен книгата од првото издание донирана на музеј. Откако ја напушти таа позиција, тој пријавил околу 600.000 фунти донации во неговиот фонд за правни случаи.

Поранешните конзервативни премиери Борис Џонсон, Лиз Трус и Риши Сунак немаат споредливи пријави за подароци, бидејќи тие станаа премиери веднаш по преземањето на функцијата лидери на нивните партии.

Tags: Кир Стармер
Next Post

Суд во Сплит го осуди Сергеј Трифуновиќ на условна затворска казна од два месеца

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk