ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Институциите ќе добијат упатство како да постапуваат во периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката „балансер“

September 21, 2024 19:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите јавни институции ќе добијат упатство како да постапуваат во периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката „балансер“ за вработувањата во јавната администраија, информира министерството за јавна администрација.

Од кабинетот на министерот за јавна администрација, за МИА, велат дека насоките или донесените времени мерки од страна на Уставниот суд, како министерство не ги коментираме, туку ги почитуваат и спроведуваат.

-Министерството за јавна администрација многу пати до сега укажа дека “балансерот” како дигитална алатка ја изгуби својата намена за која е создаден и во минатото беше предмет на злоупотреба. Во однос на евентуално ново законско решение, министерството за јавна администрација ќе се залага за решение кое ќе овозможи професионална јавна администрација со квалитетна услуга кон граѓаните, а кое ќе се темели на соодветно образование, стручност и знаење, почитувајќи го мерит системот. Но, се до конечната одлука на Уставниот суд, министерството за јавна администрација, ќе се воздржи од било каков коментар, велат од Кабинетот на министерот за јавна администрација.

Во однос на постоечките огласи од министерството најавуваат соодветно упатство кое ќе го споделат до сите институции.

-Што се однесува до распишаните огласи за вработувања кои се во тек, Министерството за јавна администрација ќе постапи согласно содржината на донесените времени мерки од страна на Управниот суд, по објавата во Службен весник на РСМ. За истите ќе подготви соодветно упатство кое ќе го сподели и дистрибуира до сите институции, информираат од Кабинетот на министерот за јавна администрација.

Уставниот суд на 18. месецов донесе  времена мерка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор што се однесуваат на етничката припадност, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција. До носење на конечна одлука од страна на Уставниот суд овие одредби нема да се применуваат.

Next Post
Фото: Скриншот

Харис ја прифати поканата на Си-Ен-Ен за дебата на 23 октомври, го повикува и Трамп

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk