ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Прва конзервација на агората во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

September 22, 2024 12:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Прилепскиот Завод и музеј ги заокружува првите конзерваторски работи на агората, средиштето на античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп. Агората е плоштадот и јадрото на стопанскиот и на културниот живот во античкиот град „Стибера“, најпознат по мермерните статуи. Агората е единствена градба од таков вид, откриена на тлото во Македонија.

Конзерваторските работи ќе се одвиваат во етапи.

-Оваа година почнуваме со првата фаза на градба, согласно со проектот за конзервација и делумна реконструкција на агората, што е непосредно до храмот на божицата Тихе, заштитничка на Стибера. Во агората се најдени многу ексклузивни движни наоди. Еден од нив е мерната маса за течни продукти која беше изложена во Музејот на Македонија. Исто така, во едната ниша е пронајдена мермерна ара со натпис кој сведочи за нејзиното настанување и кој ја донирал мерната маса. Конзервацијата на вакви значајни објекти од античкиот период е многу комплексна. Многу е специфичен изборот на материјали. Годинава имавме среќни околности и е куриозитет да откупиме куќа која е правена со камен токму од Стибера и е од 1920 година. Дури најдовме и една монета, објаснува Кире Јованоски, архитект, конзерватор советник во прилепскиот Завод и музеј.

Стибера го имала најголемиот подем во првите три века од нашата ера. Досега се откриени градбите на Гимназиумот, на храмот на божицата Тихе, заштитничка на градот кој броел околу 20 000 жители, потоа Собранието, а агората е средишниот дел, јадрото, плоштадот каде се одвивале стопанските и културните активности и е единствена градба од таков вид откриена во Македонија.

– Стибера е македонската Помпеја поради зачуваноста на големиот број артефакти, мермерни статуи. Административната зграда на агората е вид објект првпат откриен кај нас. Тоа бил градскиот плоштад каде покрај тоа што се вршела купопродажба на продукти и намирници, се одржувале манифестации и настани, јавни собири. Агората е центар, јадро, на секој антички град, смета архелогот Душко Темелкоски при прилепскиот Завод и музеј.

Минатата година првпат со опрема на Археолошкиот музеј на Македонија беше направено подземно сондирање, скенирање на тлото  со што се потврди претпоставката дека на овој простор кај агората и плоштадот се наоѓаат уште неколку градби со различни функции.  Но, најголем проблем се парцелите под кои „лежи“ градот, а се во приватна сопственост.

-Во соработка со Министерството за култура, се надевам дека ќе излезат во пресрет, да можеме да добиеме поголеми средства за да се направи и откуп на дел од парцелите на кои е предвидено истражување. Во соработка со архелогот Душко Темелкоски ќе се направи соодветна документација и сета состојба да биде презентирана пред Министерството за култура за да се добијат поголеми средства за да може да продолжиме со работа и да се обезбеди просторот во кој ќе може да се извршат археолошките ископувања. Стибера е голем археолошки град со кој треба да се гордееме и да не бидеме во ситуација да го затвораме за туристите и туризмот зашто е атрактивен и привлекува големо внимание, објаснува в.д. директорката на прилепскиот Завод и музеј, Мимоза Христоска.

Проектот за конзервација е 1,7 милини денари. Сега се работеше со 500 000 денари буџет. Првите козерваторски работи завршуваат денес, а траеја 20-тина дена. Стибера привлекува големо внимание на посетители и туристи. Жителите на селото Чепигово сведочат за посета на туристи од Грција, Турција. 

Next Post

Норис пред Верстапен на пол позицијата за Големата награда на Сингапур

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

November 9, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

November 9, 2025

Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk