ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026 14:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Македонија денеска се одржа 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која беа претставени клучните аспекти на процесот на европска интеграција, со посебен акцент на политиката на проширување на Европската Унија, реформските процеси и обврските кои ѝ претстојат на државата на патот кон полноправно членство.

Седницата ја отвори претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, кој истакна дека целта на состанокот е да се отвори конструктивна дискусија за актуелните аспекти на проширувањето и динамиката на процесите кои се одвиваат во рамките на Унијата. Филипче нагласи дека проширувањето повторно се наоѓа меѓу врвните приоритети на ЕУ и даде осврт на критериумите што земјите кандидатки мора да ги исполнат, како и на досегашните чекори на нашата држава.

Пред присутните се обрати и амбасадорот на Европската Унија и шеф на Делегацијата на ЕУ во земјата, Михалис Рокас. Тој ја поздрави способноста на државата да ги спроведува потребните реформи и ја истакна клучната улога на Собранието при усвојувањето на реформската легислатива.

ЕУ амбасадорот Рокас подвлече дека е неопходен широк политички консензус за сите клучни закони, со посебен акцент на Изборниот законик. Покрај тоа, тој предупреди дека претстојниот позитивен извештај од Европската комисија ќе зависи пред сè од конкретниот напредок во областа на владеењето на правото.

Министерот за европски прашања, Беким Сали, во своето обраќање посочи дека интеграцијата во ЕУ мора да се одвива во два паралелни правци – преку доследно спроведување на суштинските реформи во правосудството и преку максимално искористување на можностите за постепена интеграција уште пред официјалното полноправно членство.

Сали истакна дека реформскиот план не се спроведува единствено како обврска кон Брисел, туку како директна потреба на државата за изградба на посилни институции, независно судство, поефикасна борба против корупцијата, слободни медиуми и подобар животен стандард. По воведните говори, пратениците и членовите на Советот преминаа на отворена дискусија за следните чекори и предизвици во евроинтегративниот процес.

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk