ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Блиску, а далеку

September 23, 2024 13:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Што се случи во Брисел и дали имаме соодветни информации по тој повод?! Запознаена ли е јавноста со фактичката ситуација и за резултатите од средбите со високите претставници на Унијата?

Ми се чини дека НЕ- доволно. Оти, некако, како да не циркулираат сите важни информации во нашиот медиумски етер. Тоа пак, ми дава за право да се сомневам дека “јавноста” доминантно, е се уште контаминирана од предизборните содржини и дека и на неа како да и требаат 100 дена да се покаже, да се совземе, да се “упасуљи”.
Чест на исклучоците, кои го потврдуваат правилото.

Но, простете, тоа не значи дека не треба да се допринесува во балансирано известување во врска со важните теми, каква што е впрочем и темата за нашата европска иднина.
Што е право, во целото известување за оваа посета, Премиерот и МНР, убаво и јасно објаснија што Нашата Држава побарала и каков е ставот на македонската надворешна политика, но, сепак, не дознавме кој е одговорот за нашите барања…
Нема апсолутно никаков и адекватен рефлекс за пораките кои нашата делегација ГИ ПРИМИЛА , а по повод и во служба на тие средби?

Штама.

Има ли јунак да праша : каква порака доби нашата држава во врска со новите барања, со иднината на преговорите?!

Има ли ?

Паралелно на овие настани, во тек е и една друга важна операција. Имено, Премиерот, успешно ја префли топката за ветеното “укинување” на балансерот токму врз грбот на Уставниот суд. Последниов пак, ја голтна кнедлата.

Спротивно на претходното, истата “јавност”, по овој повод, малце се раздрма…факт. Но, се закачи на црвливата јадица за меѓуетничките односи…

После овие две важни “дешавки”, јас му верувам на Премиерот дека може де има дестабилизација.
Особено, после неколкуте непобитни факти: прво, последните случувања во Уставниот Суд; второ, по нормализирањето на синтагмата “што ќе ни е ваква ЕУ” и трето, отворената опција за одвојувањето на Албанија и нејзиното самостојно трасирање на интегративниот пат што е дебело актуелизирано! Оттука, се чини, човекот дека не лаже кога вели оти ќе има дестабилизација. Поточно, убедена сум дека, после сите консекутивни “ивенти” можно е да се амортизирала фрустрацијата кај Македонците, но, правопропорционално, изгледа дека расте и степенот на фрустрациите кај граѓаните од албанска етничка припадност.

Конечно, фразата “блиску а далеку”, во нашиот контекст би го подразбирало следново : што сме подалеку од ЕУ, поблиску сме до дестабилизацијата.
Или не?


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Либертас

 

Next Post

Зеленски во САД ќе им го претстави својот „план за победа“ на Бајден, Трамп и Харис

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk