Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Мака ми е од тргедијата во која една будала со сто промила алкохол во мозокот утепа два милиони луѓе откако авионот со неговите болни колена, илузии и цели, се распадна пред Брисел (нема преживеани), но и во вакви траорни моменти чувствувам некаква сатисфакција за ангажманот што макотрпно го преземав пред изборите и во текот на последните дваесет и кусур години, во кој го предупредував народот дека вмро ќе им ја уништи државата, нацијата и животите, културното, институционално, стопанско и образовно наследство на многу генерации обнадежени и посветени Македонци.
Свесно и систематски.
Маските можеби паднале вчера, но работата беше јасна уште кога се формираше вмро-дпмне.
Не можат истовремено да постојат и бмро и Македонија како држава на македонскиот народ и на другите народи, но за нив беше важно да нема Македонци и да нема македонска држава. И се убив од изјаснување и аргументирање зошто е тоа така. Закономерноста на таквата состојба ја зборував, јас не се расправав со вмро ниту навивав за сдсм, симпатични ми беа, признавам, Пацика Трајанов, оној пожарогасител од Достоинство, Ванковска Сузана и Ќулафкова, Милчин, оф корс, туку се обидував да го скршнам вморонскиот курс кој свесно го носеше бродот у курац.
Од вчера се на чекор од целта.
И, сега, што да правам јас со тоа дека сум бил во право во 15 книги и милион колумни и и статуси, предавања, судења и промоции, жестоките кафеанските дебати не ги сметам,