ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман

September 28, 2024 10:04
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Џудит Кауфман од Германија, кинематограферка во филмот „Наставничка канцеларија“ е годинашна добитничка на златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“.

Стручното жири одлучи највиското фестивалско признание да и го додели на Кауфман заради одличната кинематограферска поддршка и конзистентна слика која како што рече претседателот на жирито Џон Сил, кинематограферката Кауфман меѓепснички ја прикажа драмата во сценариото на филмот „Наставничка канцеларија“.

Џудит Кауфман е наградувана кинематограферка  позната во филмовите „Корсаж“ (2022), „Мојата прекрасна ванда“ (2020), „13 минути“ (2015), „Меѓу световите“ (2014), „Два живота“ (2012), „Кога заминуваме“ (2010), „Четири минути“ (2006) и „Скршено стакло“ (2002), а во моментов снима нов филм и затоа не присуствуваше на свеченоста во Битола.

Со исти професионални обврски надвор од Битола се и добитниците на сребрената „Камера 300“ која ја ја доби Ранабир Дас од Индија, кинематографер во филмот „Се’ што замислуваме како светлина“, додека бронзената „Камера 300“ ја освои Расмус Видебек од Данска, кинематографер во филмот „Ветената земја“. Со одлука на жирито, специјално признание вчера беше доделено на кинематограферот Пабло Лозано, а наградата ја врачи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

ИФФК „Браќа Манаки“ година внесе повеќе фестивалски новини и додели награди за креативна синергија и соработка во филмот која ја примија Алис Брукс и Дејвид Смит, наградата во категоријата Европска Lo-Cap програма му припадна на Витаутас Каткус, наградата за најдобар кинематографер во категоријата документарен филм ја доби Хатем Нечу, за најдобар кинематографер во категоријата краток филм беше прогласен Хелсио Алемао, а награда доби и кинематограферот Марго Бесон кој со филмот „Ананси“ се натпреваруваше во студентската програма.

Организаторот посебно признание „Пионер во професијата“ додели на кинематограферката Ненси Шрајбер која се заблагодари на градот и фестивалот за приемот во Битола и Македонија.

Tags: „Камера 300“ИФФК „Браќа Манаки“Џудит Кауфман
Next Post

Стапува во сила Законот за нефер трговски практики, ќе се намалат ли цените на околу 2.500 производи?

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk