ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска, 100 дена Влада: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

October 2, 2024 12:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Катастрофални се економските политики на новата влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.  По само 100 дена власт, резултатите се очигледни – пад на просечната плата, нема поголема минималната плата, има раст на цените и целосна деградација на работниците, изјави на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска.

Таа посочи дека според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата е намалена за 1.000 денари. Ова е прв пат после седум години постојан раст платите да се намалуваат. Овој пад значи помалку пари во џебот на секој граѓанин, помалку можности за пристоен живот, и уште потежок удар врз стандардот, рече Тренчевска.

„СДСМ се бореше и обезбеди постојано зголемување на платите, дури и за време на најголемата економска и здравствена криза. Во 2015 година, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата беше 20.853 денари. Во времето на СДСМ, таа достигна над 41.000 денари, што покажува континуирана посветеност кон подобрување на животниот стандард. Но, што гледаме денес? Наместо раст, гледаме пад на платите. Нема покачување ниту на минималната плата која требаше да биде 450 евра. Работниците, кои со години беа заштитени од нашите мерки за покачување на платите, денес се чувствуваат изиграни и разочарани од владата на Мицкоски по само 100 дена. Мерките кои ги предлага владата се задоцнети и неефективни. Замрзнувањето на маржите на само 73 производи не донесе никакво олеснување за граѓаните. Додека цените на основните производи продолжуваат да растат, владата на Мицкоски не успева да преземе конкретни чекори за да ги заштити граѓаните од поскапувањето. Ова не е влада што се грижи за граѓаните. Ова е влада која се обидува да ги замајува со 100 изговори. Работниците кои се надеваа на зголемување на платите се длабоко разочарани. Наместо тоа, политиката на евтина работна сила се враќа. Владата на Мицкоски го враќа времето на сиромаштија и понижување на работниците. СДСМ не може да остане нем сведок на оваа ситуација. Ќе се бориме за вистински економски мерки кои ќе го заштитат секое семејство и ќе го гарантира достоинството на работниците“, истакна Тренчевска.

Tags: 100 дена владаТренчевска
Next Post

Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk