ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Актерката Владанка Крстевски со монодрамата „Прво лице еднина“ на интернационален фестивал во Хановер

October 2, 2024 12:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Актерката Владанка Крстевски од Театар Куманово, утре ќе настапи на интернационалниот фестивал за монодрама и камерни игри во Хановер, Германија со монодрамата „Прво лице еднина“, информираа денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Монодрамата е авторски проект на Владанка Крстевски, работена заеднички со режисерката Драгана Гунин.

-Претставата на кумановскиот театар „Прво лице еднина“ е селектирана на Интернационалниот камерен театарски фестивал во Германија, кој од први до шести октомври ќе се одржи во Хановер. Околу нас има многу жени кои секојдневно се борат и работат по дванаесет часа дневно. Жртвуваат сè за своите семејства, за своите деца, за да обезбедат подобар живот, а никој не зборува за нив. Оваа е претстава во која зборуваме токму за тие жени. Ние денеска сме ќерки, а утре ќе бидеме мајки и сакаме да имаме поддршка, бидејќи не знаеме кај ќе нè однесе животот. Инспирацијата за мојот текст е од книгата „Добра ноќ за бунтовни девојчиња“, во која се зборува за жени кои направиле многу за сите нас, но останале на маргините на општеството, раскажува младата актерка Владанка Крстевски, пренесува кумановски театар.

Претставата премиерно беше изведена во 2019-та година. „Прво лице еднина“ зборува за животната борба, не само на жената како движечка сила во едно општество, туку генерално на секој човек колку треба да се бори за да ги постигне овие цели. Во монодрамата, Владанка Крстевски создава цела серија женски портрети на сцена.

– Зборуваме за жени од сите социјални статуси. Има толку многу примери и животни приказни, кои никој не ги знае, а не се помалку инспиративни од останатите. Во претставата можат да се пронајдат и мажите, бидејќи сите сме луѓе и сите зборуваме за исполнување на соништата, за раскажувањето на сопствената приказна, затоа што на сите ни треба поддршка. Нашата приказна треба да биде чуена од сите. Во суштина естетиката и наративот на претставата е за сите луѓе, меѓутоа приказната е раскажана преку жените на малку посензитивен и емпатичен начин, додава режисерката Драгана Гунин.

Претставата е интерактивна, монодрама зборува за жената, за животот, храброста, бунтовноста.

Tags: „Прво лице еднина“Владанка Крстевски
Next Post

Во Битола почнува Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“

Најново

ВОЛК ЗАЛОВЕН ВО СКОПСКА НАСЕЛБА: Бил чуван незаконски со ремче и ланец

May 13, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk