ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден одобри испраќање на 1.000 војници во Северна Каролина за помош во санирање на штетите од Хелена

October 3, 2024 09:34
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на САД Џо Бајден одобри испраќање на 1.000 војници да помогнат во санирање на последиците од ураганот Хелена во погодените региони.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека војниците ќе „поддржат дистрибуција на храна, вода и други животно важни ресурси“.
Распоредувањето на војската исто така ќе „обезбеди дополнителни човечки ресурси и логистички капацитети, овозможувајќи на ФЕМА и другите меѓуресорски партнери што побрзо да стигнат до најпогодените области“.

Бајден и потпретседателката Камала Харис вчера отпатуваа во регионите зафатени од стихијата. Претседателот синоќа пристигна во Јужна Каролина за да се сретне со спасувачите и локалните власти, а подоцна со хеликоптер изврши инспекција на деловите од државата погодени од невремето. Во меѓувреме, Камала Харис отпатува во Џорџија, каде што се сретна со локалните власти и жителите на погодените делови.
Претседателот и потпретседателката исто така ќе посетат и други погодени држави, соопшти Белата куќа. Бајден планира да замине во Флорида и Џорџија, додека Харис утре патува во Северна Каролина.

Многу жители на оваа држава се уште немаат вода, мобилна мрежа и струја, додека спасувачите продолжуваат да бараат исчезнати лица по катастрофалниот удар на ураганот Хелена на југоистокот на САД при што најмалку 166 лица го загубија животот. Повеќе од 1,2 милиони потрошувачи уште се без струја во Северна и Јужна Каролина и Џорџија, додека Хелена продолжуваше да нанесува штети, напредувајќи во внатрешноста на земјата откако го погоди брегот на Флорида.

Меѓународната христијанска непрофитна организација Water Mission Disaster Response Team постави привремен камп во Бун, Северна Каролина, помагајќи на жителите да добијат чиста пивка вода.

-Ураганот Хелен помина низ овие области и уништи цели градови. Гледаме огромно уништување на инфраструктурата, изјави Брок Крејцбург, виш директор на групата за реагирање на водни катастрофи. „Луѓето на западот од Северна Каролина се без струја и вода, а многу планински заедници се отсечени од надворешниот свет, имаат ограничен пристап до храна, вода и струја… Обично не се соочуваме со вакви потреби во САД, но ситуацијата тука е критична… Можеби ќе требаат неколку недели пред да се врати струјата во нивните домови“. Крејцбург истакна дека неговата организација поседува технологии што можат да ја претворат загадената во пивка вода.

-Можеме да земеме вода од реки, која изгледа како чоколадно млеко, да ја филтрираме преку нашите системи, и крајниот производ ќе биде безбедна вода за пиење, рече тој.

Хелена го погоди брегот на Флорида минатата недела во четвртокот навечер, а потоа го започна својот разорен пат низ неколку држави од југоистокот на САД. Освен Флорида, погодени се и обете Каролини, Џорџија, Тенеси и Вирџинија.
Спасувачите и итните служби работат 24 часа на расчистување на патиштата, обезбедување храна, чистење на урнатините и потрага по затрупани лица.
Според властите, стотици луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Tags: БајденвојнициСеверна КаролинаураганХелена
Next Post

Блинкен разговараше со новоименуваниот секретар на НАТО Марк Руте

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk