На јапонскиот аеродром Мијазаки вчера експлодира американска бомба од Втора светска војна. Во инцидентот нема повредени лица, не се оштетени ниту авиони, туку само пистата, што е поправена во текот на ноќта.
Бомбата на пистата направи кратер широк околу седум метри и длабок еден метар. Поради експлозијата беа откажани над 80 летови.
Истрага потврди дека експлодирала американска бомба тешка околу 220 килограми, но се утврдува што ја предизвикало детонацијата.
Аеродромот Мијазаки е изграден во 1943 година и бил користен за обука за летање од страна на Јапонската царска. И од Мијазаки полетуваа пилоти во самоубиствени акции.
Министерството за одбрана на Јапонија соопшти дека во областа се пронајдени неколку неексплодирани бомби фрлени од американската војска за време на Втората светска војна.
Стотици тони неексплодирани бомби од Втора светска војна сè уште се закопани ширум Јапонија.