Претставникот на здружението „Не го даваме Јадар“ Златко Кокановиќ потсети дека за утре во Горње Недељице е закажана средба со парламентарната опозиција во врска со седницата на Собранието на Србија за ископ на литиум и бор, јави диписникот на МИА од Белград.
Тој додаде дека во случај да не се усвои опозицискиот предлог-закон за литиумот на седницата на Собранието, која почнува в понеделник, ќе следи радикализација која најверојатно ќе значи блокирање на патиштата.
-Нашиот предлог до парламентарната опозиција е дека овој закон мора да се протурка, тој е единствената мерка што можеме да ја прифатиме. Ништо друго, никакви компромиси, договори, дијалози со компанијата „Рио Тинто“ и властите не доаѓа предвид изјави Кокановиќ за ТВ Н1.
„Или ќе има рудник, а нас нема да не биде, или ќе нè има и нема да има рудници, компромис нема да има“, рече Кокановиќ.
Тој изјави дека радикализацијата, во случај да не биде усвоен предлог-законот на опозицијата, ќе ги следи примерите што донеле најмногу плодови, што најверојатно би значело „блокирање на патиштата на час или два низ Србија“.
-Дали ќе има нешто друго, ќе се договориме за тоа, не одлучуваме само ние. Има и други организации кои соработуваат со нас, како што е СЕОС, рече Кокановиќ.
Тој порача дека политичката опозиција треба да присуствува на митинзите против ископувањето на литиум, да ги повија своите членови и симпатизери, порачувајќи дека „само сите заедно, во што поголем број, можеме да го победиме ова зло“.
Зборувајќи за седницата на Собранието за литиум, Кокановиќ рече дека нејзиниот успех лежи и во тоа што „треба да се симнат ракавиците, да се знае кој на која страна е – трето нема“.
-Претседателот на државата, премиерот, претседателот на Собранието, министрите се најголемите лобисти на компанијата „Рио Тинто“. Нас тоа ни е јасно, но сега треба да излезат и да го покажат тоа во Собранието и на нивните гласачи, рече Кокановиќ, наведувајќи дека и во неговото село има мештани кои се за СНС, но нема да дозволат да се отвори рудникот за литиум.