ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

(ВИДЕО) Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата?

October 7, 2024 13:18
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Изложувањето на растенијата на монотон звук ја стимулира активноста на габите, коишто пак, може да поттикнат побрз развој на растенијата, покажува ново истражување. Наодите на Универзитетот „Флиндерс“ во Аделаида, Австралија, се објавени во списанието „Бајолоџи летерс“ (Biology Letters).

Ова откритие оди во насока на потврда на можноста дека музиката може да биде корисна за побрз раст на земјоделските и градинарските култури.

– Дали може да влијаеме на микробните заедници на почвата или растенијата како целина? Може ли да го забрзаме процесот на обновувањето на земјиштето со стимулирање со природни звуци? Каков ефект може да има ова врз фауната на земјата? Има многу важни прашања што не окупираат и на што работиме, појасни водечкиот автор на испитувањата, Џејк Робинсон.

И забавно-научното ТВ-шоу „Разбивачи на митови“ (Mythbusters) своевремено ја тестираше оваа хипотеза со повеќе видови музика. Полунаучните наоди открија дека дет-металот и класичната музика (Моцарт) се наводни „малку поделотворни“ врз растенијата од другите видови музика.

Имајќи предвид дека растителниот свет денес се соочува со низа предизвици и проблеми за коишто е одговорен човекот. Имено, поради ерозијата на почвата, уништувањето на шумите, загадувањето и зголемената опасност од исчезнување на одредени растителни видови, научниците стравуваат дека иднината на светот биодиверзитетот и посевите да бидат загрозени.

Врз основа на претходни испитувања, каде што бактерија „E. coli“ била изложена на звучни бранови, австралиските истражувачи го испробаа влијанието на звукот врз растот и развојот на габата „Trichoderma harzianum“.

Оваа габа често се користи во органското земјоделство поради нејзината способност да ги заштити растенијата од патогени, да ја подобри количината на хранливи материи во почвата и да го забрза растот. Така, научниците ја изложиле флората на звукот „Tinnitus Flosser Masker на 8 kHz“. Тоа е  комбинација од различни звуци на различни фреквенции што човечкото уво може да ги слушне, наменети за смирување на тинитусот (зуење во ушите) или за запивање на бебињата.

– Замислете да го слушнете звукот на старо радио меѓу каналите. Ги избравме овие монотони звуци од контролирани, експериментални причини, но можеби, разновиден или природен звучен пејзаж, би било подобар избор, изјави Робинсон.

Според едно објаснение, акустичниот бран се претвора во електрично полнење што ги стимулира печурките, и тоа е познато како „пиезоелектричен ефект“. Се работи за создавање електричен полнеж (а со тоа и електричен напон) на површината на специјално исечен кристал, којшто е еластично деформиран од надворешна сила.

А пак, друга теорија се однесува на ситните рецептори на габичните мембрани наречени механорецептори. Тие можат да се споредат со илјадниците механорецептори на човечката кожа одговорни за сетилото за допир, со што човекот одговара на притисок или вибрации.

– Ние претпоставуваме дека звучните бранови ги стимулираат овие механорецептори во габите, коишто потоа предизвикуваат верига биохемиски настани што ги вклучуваат или исклучуваат гените, како што се оние одговорни за растот, рече Робинсон.

Тој додаде дека прелиминарните истражувања посочуваат дека габите реагираат на звукот, но науката сè уште не знае дали тоа им користи и на растенијата. Тоа ќе значи оти истражувањето продолжува.

Tags: Музикарасенија
Next Post

Модни трендови: „Рециклирање“ облека и модни додатоци

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk