ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На денешната седница на Владата ќе се носи одлуката за проектите на општините

October 16, 2024 14:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија ќе се доносе одлука и формално процесот на селекција на проектите од општините е завршен за користење на парите од заемот од Унгарија, истакна на денешната прес-конференција премиерот, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, кога општините ќе можат да ги искористат овие средства за инфраструктурни проекти.

Мицкоски истакна дека до крајот на месецот надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на, како што наведе историскиот проект кој првпат се случува кај нас.

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски, пак, денеска од Велес истакна дека околу 90 проценти од проектите на општините кои ги доставија за користење на парите од заемот од Унгарија ќе бидат изгласани и одобрени на денешната седница на Владата.

-Не сакам да звучам амбициозно, но мислам дека е многу веројатно. Најголем дел, ако не и сите да ги изгласаме на денешната седница на Влада. Од тука одам на седница на Влада, преку 90 проценти од проектите се кај мене во Министерството за транспорт и истите заедно со тимот во Министерството за транспорт ги завршивме. Сакам да се заблагодарам на целиот тим којшто работеше на оваа работа навистина завршија огромна работа и на мојот кабинет којшто целосно се вложи во оваа работа, така што проектите од страна на Министерството за транспорт се одобрени, остануваат другите министерства да ја завршат својата работ, изјави Николовски.

Тој истакна дека се  надева оти денес попладне може да излезе со информација дека проектите се усвоени на седница на Влада на Република Северна Македонија. Општините во земјава на располагање имаат околу 250 милиони евра за реализација на капитални инфраструктурни проекти.

Next Post

Поранешен началник сведочеше за текот на истрагата за убиството на Вања, до местото на настанот ги однел обвинетиот Влатко Кешишов

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk