Претседателот на Странка за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, денеска се сретна со претседателот на Странка на демократска акција на Македонија (СДА Македонија), г-дин Џелал Хоџиќ.
На работната средба се разговараше за актуелната политичка состојба во Босна и Херцеговина, Северна Македонија, како и регионот на Западен Балкан, со посебен фокус на положбата на бошњачкиот народ.
Се разговараше и за досегашните и идните заеднички активности на СДА на Босна и Херцеговина и СДА на Македонија.
Претседателот на СДА Македонија Хоџиќ му упати честитки на Изетбеговиќ за победата на СДА БиХ на локалните избори во Босна и Херцеговина.