Белоруската тенисерка Арина Сабаленка од повторно е прв светски рекет. ВТА денес ја објави ажурирана верзија на ранг-листата во сингл, во која Сабаленка ја престигна Ига Швјонтек од Полска.
-Број еден… Да видиме колку ќе трае ова, напиша Сабаленка на социјалните мрежи.
Претходно, 26-годишната Белорусинка ја предводеше ВТА ранг-листата од 11 септември до 5 ноември 2023 година.
Сабаленка е лидер со 9.706 бода, Швјонтек има 9.665, трета е Коко Гауф од САД со 5.963.