ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Спуштена завесата на 18. издание на МТФ Скупифестивал 2024

October 21, 2024 11:01
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во сабота навечер на сцената на Албанскиот театар во Скопје беше затворено  18-то издание на МТФ Скупифестивал, а во програма беше и се  прикажа „Елементарни Честитки“ од Мајкл Уелбек, во режија и драматизација на Крис Шарков, играат: Теодора Духовникова, Жаклин Даскалова, Димитар Николлов, Мартин Димитров, Елена Иванова, Славена Зајкова, Дарина Радева.

Продукција на Народен Tеатар Иван Вазов, Софија, Бугарија.За Елементарните честички на Мишел Велбек, важат сите синоними на зборот пркосен. Романот, кој му донесе светска слава, на провокативен, смел, арогантен, дури и навредлив начин ги открива проблемите на современото европско општество. Преку фасцинантните приказни на двајца браќа – пропаднат писател и светски признат научник-биолог, зборуваме за љубовта во ерата на супер-технологијата. Прашањата се поставуваат со смелост, но и со идеалистички поглед на иднината на народот. Предизвик е да се донесе на сцена роман толку важен за разбирање на процесите на новото време. Ироничен и парадоксално лирски е пристапот на тимот, кој одговара на разбирањето на авторот. Осуден да живее, човекот лесно раскинува со минатото и само учи да ги препознава звуците на иднината.Претставата е општествена дистопија која се прашува дали во еден дехуманизиран свет човекот ја задржува својата способност да сака. Одговорот се бара со патување наназад и напред во времето. Носители се драматургот,режисерот и актерите, а за кои авторот Велбек е важен водич во разбирањето на новата парадигма.

Жирито составено од : театарската критичарка Хандан Салта од Турција, актерката Дрита Каба Карага и Кети Дончевска Илиќ од Македонија, ја додели оваа награда за најдобра престава на фестивалот “1984” од авторот Џорџ Орвел во режија Игор Менџиски  а во продукција на Косовскиот национален театар од Приштина.

Специалната награда  “Луран Ахмети”  жирито го даде за актерките Селма Алиспахиќ и Хелена Вуковиќ од преставата “Гидионов Јазол”, автор Џона Адамс, режија Селма Алиспахиќ во продукција на Интремецо и фестивалот МЕСС Сараево, Босна и Херцеговина.

МТФ Скупифестивал ја даде и специјалната награда за најдобра режија за преставата “Елементарни Честички” од Мишел Уелбек, режија Крис Шарков, од националниот бугарскии театар Иван Вазов од Софиа.

Во програмата Скупифестивал се одигра и претставата “Деца од Прашина”, од независниот театар цие. Toula Limnaios од Берлин, Германија, се прикажа монодрамата  „Нижински“ од L’Amphitheater & Oh DA! Букурешт, Романија.

И оваа едиција Скупифестивал имаше во програмата и театарска работилница, со режисерката Сенем Џехвер од Турција, главна тема на оваа работилница беше интерпретација со маски.

И оваа година МТФ Скупифестивал беше поддржан од Министерството за култура,  Бугарскиот Културен  Информативен  Центар  во Скопје, Гете Институт, Телеком на Македонија, весникот КОХА, телевизија АлсатМ и радио телевизија на Македонија.

МТФ Скупифестивал: директор Музбајдин Ќамили – Мучи, претседател на уметнички совет Сенко Велинов, уметнички директор Осман Ахмети, членови Куштрим Бектеши, Бетим Зеќири, координатор Џанер Мусиќ, дизајн на Егра.

Tags: Скупифестивал
Next Post

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Бразил

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk