Скопското астрономско друштво вечерва организира јавно набљудување на кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS.
Набљудувањето ќе биде на пракингот пред Кале со почеток од 18:30 часот, а ќе заврши во 20:30 часот.
Од Скопското астрономско друштво советуваат присутните да си понесат двоглед и доколку сакаат да фотографираат да земат сопствена камера.
Скопското астрономско друштво претходно на 14 октомври одржа јавно набљудување на кометата ATLAS од паркингот на Кале. Педесетина заинтересирани ја набљудуваа кометата преку телескоп, а успееа да направат извонредни фотографии и со телефони.
Кометата се очекува да биде видлива се до 31 октомври. Таа прв пат е забележена во февруари 2023 година за време на истражување предовдено од АТЛАС – систем за последно предупредување за астероиден удар на Земјата.
Кометата С/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС ќе се врати повторно за 80.000 години.
„Да се биде сведок на кометата Цучиншан АТЛАС значи да се задржи парче бесконечност во погледот. Да го негуваме овој минлив момент, бидејќи нема да се врати уште 80.000 години“.
Подготви: Марија Тодоровска / Нова ТВ