Канада значително ќе го намали бројот на имигранти на кои им дозволува да влезат во земјата за прв пат по неколку години, во драматична промена на политиката за непопуларна влада која се обидува да остане на власт.
Така, Канада ќе прими 395.000 нови имигранти во 2025 година, 380.000 во 2026 година и 365.000 во 2027 година, што е намалување во однос на 485.000, колку што се вселиле во таа северноамериканската земја во 2024 година, според владин извор.
Бројот на привремени жители во Канада, пак, ќе се намали за околу 30.000 до 300.000 во 2025 година, пишува весникот „The National Post“.
Канада долго време се гордее како земја целосно отворена за новодојденците, но во текот на изминатата година реториката околу имигрантите се влоши. Мигрантите се обвинети за сè, од станбената криза до зголемените трошоци за живот и преоптоварениот здравствен систем.
Ова прашање стана едно од најспорните во канадската политика со оглед дека сојузните избори се закажани најдоцна за октомври 2025 година. Анкетите покажуваат дека поголем дел од населението смета дека Канада има премногу имигранти.