ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Десет медали за ДЛС „Свети Кирил и Методиј“-Битола од Министерството за култура на Индија

October 25, 2024 10:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ - Битола

Фото: ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ - Битола

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура на Индија во рамки на меѓународна изложба на уметност за деца, а на која учествуваше и Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, на младите битолчани им додели десет медали.

Престижниот културен настан посветен на детското сликарство беше организиран по повод 77 годишнината од независноста на Индија, а со учеството на нашите членови на тамошната изложба, продолжи континуитетот од 30 години претставување на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“-Битола во таа држава, истакна Славчо Неделковски, претставник на студиото.

-Оваа година од испратените 30 детски ликовни творби на слободна тема од исто толку членови на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола со високи награди се здобија 10 наши ученици. Со златен медал – прво место во својата возрасна категорија се здобија Леа Стерјев (16) и Андреј Миленковски (12). Со сребрени медали во својата возрасна категорија се здобија Aна Полизовска (15), Матеј Јаневски (11), Јана Талеска (10)  и Давид Атанасовски (8), а Бронзени медали се доделени за нашите ученици Миа Мицевска (14 ), Анастасија Димитријовска (13), Ана Марија Спировска (12) и Томислав Атанасовски (11). Овој огромен успех е потврда на нашата посветеност и мисијата на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола кон промоцијата на своите ликовни таленти како и нашиот град Битола и Македонија, посочи Неделковски и додаде дека со одлука на организаторот упатена е посебна покана за лично доделување Диплома за оддавање почест Елена Хаџи Антоновска, претседателка на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“-Битола да присуствува на отворањето на ликовната изложба во Њу Делхи, Индија.

Инаку, годинава по процесот на селекција со ликовни творби во Индија учествуваат школи од Унгарија, Бугарија, Словачка, Кина (Хонг Конг), Словенија, Литванија, Латвија, Северна Македонија, Романија, Србија и Полска, информираа од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“- Битола.

Next Post

Лајчак: Спроведувањето на Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина суштински допрва треба да започне

Shortcut

Најново

Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk