Пишува: ДРАГАН МИШЕВ
Курчи. (се) курчат; курчам, курчиш; курчел. Вид збор: Глагол, несвршен. Според Дигиталниот речник на македонскиот јазик означува некој кој се прави важен, се чалами, се дува. Англиски: show off.
Кога српскиот кнезот Милош го испраќал својот пратеник кај султанот, го испратил со зборовите: „Слушај Петре, ти ќе одиш како наш прв амбасадор кај Портата, Кога ќе стигнеш во Цариград, ќе те прими Султанот на аудиенција и ти ќе му ги предадеш акредитивните писма. Пази добро Петре, кога ќе бидеш таму пред Султанот, да се курчиш бре, да видат Турците дека Србија не е мачја кашлица. Не можат они да прават како сакаат. Но Петре, внимавај. Ако на твоето курчење, почне да се курчи и Султанот, еее… тогаш Петре веднаш да се откурчиш, затоа што Србија е сепак мала земја. И да знаеш-Султанот е слаб на пари и на машки газ, а ние немаме пари да ти дадеме“.
Вака некако, парафразирано, со изменети локации и ликови, но во суштина, истата матрица може да ја издвоиме во однесувањето на Христијан Мицкоски, пред две години како лидер на најголемата опозиска партија при доаѓањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и при нејзиното доаѓање вчера, кога ја пречека истиот Христијан Мицкоски, но овој пат во улога на премиер. Мицкоски пред две години се курчеше облечен во маичка со испечатено „НЕ“ потпомогнат од нецивилизираното однесување на неговите пратеници во, и од толпата завиена во знамиња Вергина пред Собрание.
И сега, Мицкоски одеднаш треба да се откурчува, и при приемот на Фон фер Лајен, и во Брисел, и во Берлин, а неговите пратеници од разгоропадени дувачи во вувузели, одеднаш станаа мачиња. Исчезна и толпата од пред Собрание. Штама и кај вмровските ботови на социјалните мрежи.
Мицковски, по „курчењето“ додека беше опозиционер, сега, откако стана најистурениот претставник на државата, ја соблече маичката со испечатено „НЕ“, влезе во костум, стави вратоврска и почна да се откурчува. Изглед сфати дека ние сме мала земја, а и пари немаме.
Преземено: Цивил Медиа