ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најмалку 65 загинати во бура на северот на Филипините

October 25, 2024 16:28
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: ЕПА/МИА

Фото: ЕПА/МИА

Најмалку 65 лица загинаа во свлечишта и поплави откако тропската бура „Трами“ денеска го погоди северозападниот дел на Филипините.

Властите побараа дополнителни спасувачки чамци за евакуација на илјадници лица кои останаа заробени.

Метеоролозите предупредуваат дека бурата можеби сѐ уште не е завршена. Според нив, „Трами“, која е единаесеттата и најсмртоносната бура годинава на Филипините, следната недела би можела да направи „обратен свиок“ поради ветровите во Јужното Кинеско Море.

Регионалниот полициски шеф на Филипините информира дека 33 лица загинале во свлечишта предизвикани од бурата во провинцијата Батангас, јужно од Манила, со што бројот на загинати достигна најмалку 65.

Уште 11 лица се водат за исчезнати во Батангас, изјави полковник Хасинто Малинао.

Според денешните податоци, придружните ветрови достигнале брзина до 95 км/ч со налети до 115 км/ч. Бурата се движи кон северозапад со брзина од 30 км/ч кон Виетнам, кој би можел да биде погоден в недела ако бурата го задржи курсот.

Филипинската метеоролошка агенција соопшти дека висок притисок и други метеоролошки фактори во Јужното Кинеско Море би можеле да ја вратат бурата на Филипините.

Претседателот Фердинанд Маркос се информираше за оваа можност на итна седница со членовите на кабинетот и службите за управување со катастрофи, барајќи повеќе информации за прогнозата. Државен метеоролог одговори дека „Трами“ би можела да се врати во почетокот на следната недела, но веројатно ќе ги избегне Филипините, без да дојде на копно.

Според податоците на службите за справување со катастрофи, повеќе од 2,6 милиони луѓе се погодени од стихиското невреме, а околу 320.000 се евакуирани во центри или кај роднини.

Владата затвори училишта и институции за да ги заштити милионите жители на најголемиот северен остров Лузон. Прекинат е и фериботскиот превоз меѓу островите.

Tags: бураФилипини
Next Post
Фото: ДПА/МИА

Блинкен повика на итно дипломатско решение за конфликтот во Либан

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk