ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ до Владата: Прифатете го предлогот за минимална плата од 450 евра и застанете зад граѓаните

October 26, 2024 10:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ ги повикува премиерот Мицкоски и Владата да покажат вистинска посветеност кон подобрување на животниот стандард на граѓаните и итно да го прифатат предлогот за зголемување на минималната плата на 450 евра. Оваа мерка, истакнуваат од СДСМ, ќе донесе значителна поддршка на работниците и ќе обезбеди социјална стабилност за илјадници семејства кои сè потешко ги покриваат основните трошоци за живот.

„И покрај бројните економски предизвици со кои се соочува земјата, Владата досега не успеа да излезе со конкретни мерки за да го подобри животниот стандард на граѓаните. Нискиот приход кај огромен број граѓани, високите цени на основните производи и драстично зголемената инфлација го оптоваруваат секојдневието на најранливите категории. Според податоците, синдикалната кошничка во октомври покажува дека едно четиричлено семејство има потреба од 61.249 денари за да ги покрие основните месечни трошоци. Падот на просечната плата за 1.000 денари, откако Мицкоски стана премиер, дополнително ја влошува ситуацијата и ги остава граѓаните со сè помалку средства за да ги покријат основните потреби. Премиерот Мицкоски често зборува за поддршка на граѓаните и за економски реформи, но фактичката состојба на теренот покажува дека недостасуваат реални мерки. Со одбивањето на зголемувањето на минималната плата, Владата покажува незаинтересираност за подобрување на животниот стандард на граѓаните, особено на најзагрозените категории, кои најмногу ги чувствуваат економските потреси. Наместо конкретни мерки, граѓаните добиваат само нејасни ветувања и „да почекаат за подобро утре“, велат од СДСМ.

СДСМ потенцира дека минималната плата од 450 евра не е само политичко барање, туку реална потреба за обезбедување финансиска стабилност на граѓаните и социјален напредок на општеството. Ова зголемување ќе овозможи поголема куповна моќ на граѓаните, што директно ќе влијае и врз внатрешниот пазар и ќе донесе позитивен ефект врз економијата.

„Ги повикуваме премиерот Мицкоски и Владата конечно да покажат лидерство и одговорност кон граѓаните. Поддршката за минимална плата од 450 евра ќе донесе подобар стандард, ќе ја зголеми куповната моќ и ќе ја намали економската несигурност на илјадници семејства во Македонија. Не е време за одложувања и манипулации, туку за конкретни дела кои ќе им донесат бенефит на сите,“ стои во повикот од СДСМ.

СДСМ нагласува дека оваа мерка ќе има долгорочни позитивни ефекти и за оние кои земаат минимална плата и за вработените со просечна плата, кои исто така ќе почувствуваат раст.

„Одложувањето на ваква клучна одлука е само начин на продлабочување на сиромаштијата и зголемување на разочараноста кај граѓаните. Наместо да се губи време со манипулативни кампањи и празни зборови, Владата треба да ги прифати проверените економски политики на СДСМ, кои веќе покажаа позитивен ефект врз економијата и благосостојбата на граѓаните.
СДСМ останува на страната на граѓаните и ќе продолжи да бара реални мерки кои ќе овозможат сигурна и пристојна егзистенција за секое семејство во Македонија“, се нагласува во соопштението од СДСМ.

Tags: минимална платаСДСМ
Next Post

Почнува зимското сметање на времето, стрелките се поместуваат еден час наназад, на што треба да се внимава?

Shortcut

Најново

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk