ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Илиевски: Нов скандал во ЈПДП, пропуштени 40 возила без да платат патарина

October 28, 2024 11:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Денеска објавуваме нов скандал поврзан со незаконитости во Јавното претпријатие Државни патишта. На 29 ти септември 2024 година, на патарините на наплатните рампи во Петровец, Сопот, Отовица и Градско, се пропуштени 40 возила без да платат патарина. Околу 240 ненаплатени пропуштања низ патарините само во еден ден на 40 возила кои биле пропуштени на широкопојасната лента со црвен семафор. Еве ги снимките од панорамските камери доставени од свиркачи до СДСМ. Јасно се гледаат сите поминувања, истакна на денешната прес-конференција Менде Илиевски од СДСМ.

„Ова е целосно спротивно на Законот и претставува самоволие на кадрите на Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ во Јавното претпроијатие. Согласно член 66 од Законот за јавни патишта од патарина се ослободени само: возила со полициска придружба, возила означени на Армијата, полицијата, Царината, брзата помош, протипожарните служби, возила на заболени од законски дефинирани болести и лица со телесни оштетувања од 80% со соодветни книшки. Никој друг не е ослободен од патарина. Што значи има јасни законски ограничувања и никој надвор од овие законски прописи не може да ослободува возила да не платат патарина. Наредбата за овие 40 возила да бидат 240 пати пропуштени низ патарините без да платат ја издал раководителот на наплатна служба, Ванчо Милевски, инаку кадар на ДПМНЕ. Врв на ова самоволие е пораката, испратена по Вибер апликација, до сите Одговорни на гореспоменатите наплатни станици, во која децидно е Наредено замислата на Раководителот да се спроведе. Ова самоволие и прекршување на законот се случува во време кога се поднесени кривични пријави за 6 вработени во јавното претпријатие дека пропуштале возила на полицајци без да платат патарина. Прашањето сега е дали раководителот Ванчо Милевски ќе сноси одговорност? Дали Коце Трајановски ќе го разреши и дали МВР ќе му поднесе кривична пријава? Или за партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите и можат да прават што сакаат? СДСМ бара одговорност од Ванчо Милевски за прекршувањето на законите и негова одговорност. Многу скандали му се собраа на Коце Трајановски, дали истрошениот Коце Трајановски воопшто е свесен какви кадри назначи од неговото доаѓање,  дали е сигурен дека сите назначени кадри да ја контролираат работата немаат некоја тешка дициплинска постапка? Или само ги исполнува желбите на партиските војници, размислува ли тој за одговорност?“, истана Илиевски

Next Post
Фото: ЦСУ

„Escape Room“ - изложба на Бурџу Мусли во Мобилна/Монтажна галерија на ЦСУ

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk