ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На Фуџи сè уште нема снег

October 30, 2024 15:13
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Крај на октомври е, а на јапонската планина Фуџи чијашто надморска височина е поголема од 3.700 метри, сè уште нема снег.

Јапонија, инаку, имаше едно од најжешките лета во историјата. Откако се бележи нивото на снежната покривка, ова е најдолгиот период во последните 130 години без снег. Инаку, тука снегот обично паѓа на почетокот на октомври, но поради невообичаено топлото време годинава снег воопшто нема, пренесуваат западните медиуми.

Занимливо е и тоа што температурата во јули и август била за 1,7 Целзиусови степени повисока од просечната.

Причината за топлото време и во јуни е северната положба на тн. суптропски млазен поток, којшто овозможува продор на топол јужен воздух над Јапонија. Млазниот поток е брза воздушна струја што патува низ планетата. Се создава кога потопол воздух од југ се сретнува со постуден воздух од север.

Температурите, следствено, надминаа 35 Целзиусови степени. Речиси 1.500 области беа погодени од екстремно топли денови, соопшти Јапонското метеоролошко друштво.

За дождот да се претвори во снег, температурата мора да биде околу нула.

Во октомври горештините малку попуштија, но сепак беа натпросечни.

Како што наближува ноември, а сè уште нема снег, тоа ќе биде „најдолгото чекање снег“ во една година од 1894. досега, кога почнале мерењата, соопштија властите.

– Претходниот рекорд – поставен на 26 октомври, се случи во 1955. и 2016 година, изјави метеорологот Јутака Катсута.

Иако еден настан не може директно да се поврзе со климатските промени, недостатокот на снег на Фуџи е токму она што климатските експерти го предвидуваат за глобалното затоплување.

Фуџи се наоѓа југозападно од Токио, и е највисоката планина во Јапонија со 3.776 метри надморска височина. Вулканот којшто последен пат еруптираше пред нешто повеќе од 300 години, е една од знаменитостите на Јапонија, и инспирација за многу уметнички дела. Меѓу јули и септември лани, на пр., повеќе од 220.000 луѓе се искачија на врвот.

Tags: ЈапонијаснегФуџи
Next Post

Што најмногу ги нервира возачите во и околу сообраќајот?

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk