Претседателскиот кандидат на републиканците, Доналд Трамп изјави дека доколку победи на изборите, на важни функции ќе ги именува милијардерот Илон Маск и поранешниот независен кандидат за претседател Роберт Ф. Кенеди помладиот.
Трамп во интервјуто со новинарот Такер Карлсон не прецизира кои функции би ги добиле Маск и Кенедеи помладиот.
Маск отворено го поддржа Трамп, додека Кенеди помладиот се откажа од претседателската кандидатура и го поддржа поранешниот претседател.
Трамп посочи дека ќе ги загуби изборите само доколку има „мамење“ и ги предупреди своите поддржувачи да бидат внимателни.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.