ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Стефан Мелник од ШК Мулти Есенс стигна до делба на шестото место на Светското првенство за слепи лица

November 5, 2024 14:30
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Членот на ШК Мулти Есенс, Стефан Мелник, со делба на шестото место го заврши настапот на Светското индивидуално првенство во шах за слабовидни и слепи лица, во верзија на IBSA, кое се одржа од 25 октомври до 4 ноември во Петровац, Црна Гора. Ова е прв настап за 16-годишниот младинец на ваквото Светско првенство, кое по третпат го организира Интернационалната спортска федерација на слепите, а кое се игра во сениорска конкуренција.

На крајот првите три места ги освоија играчи кои во деветте кола прокнижија по седум бода, а меѓу нив беа и двајцата најсилни според рејтингот: ФИДЕ-мајсторот Иштван Золтан Замбо од Унгарија и ветеранот ИМ Предраг Никач од Црна Гора. Со 5,5 бода Стефан Мелник се доближи до водечката група и заврши на делба на шестото место.

Претходно, годинава во јуни, тој настапи на Европското првенство за слепи лица, во верзија на IBCA, кое се одржа во Романија, каде што се пласираше на делба на 10. – 18. место.

Со исклучителните постигнати резултати Стефан Мелник го потврдува својот шаховски талент и потенцијал, а воедно и континуираната работа со неговиот тренер, ВМ Трајко Недев, во последните две години ги дава посакуваните резултати.

– Овој настап ќе го паметам по пропуштените шанси. Се изборив за подобри позиции во два случаи, од кои првиот беше против ИМ Никач, кој потоа ги искористи моите непрецизности и успеа да освои цел поен, а во вториот случај партијата заврши со реми (со Французинот Јан Тевене). Бев најмладиот учесник на Првенството, а, според информациите што ги добив, подобро пласираните играчи биле од категоријата на слабовидни лица, за разлика од мене. Мислам дека во скоро време би можел да напредувам и да стигнам до борба за еден од медалите – вели Стефан во првата изјава по враќањето во Скопје.

При овој настап младинецот од шаховската школа на ШК Алкалоид освои и нови 63 рејтинг-поени на листата на ФИДЕ, слично како и при настапот на Европското првенство, кога освои 131 рејтинг-поен. Со тоа неговиот вкупен рејтинг ќе ја надмине границата од 1900 и ќе го вброи рамо до рамо меѓу најуспешните играчи од тимот на ШК Мулти Есенс, за кој настапуваше минатата сезона во екипните натпревари и со кој заедно обезбеди пласман во највисокото екипно натпреварување во Македонија според рангирањето – Првата шаховска лига.

Next Post

Четири игри за посилен ум и подолго помнење

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk