ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Божиновска за цената на струјата: Ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови

November 8, 2024 21:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе дискутираме со ЕСМ и ќе направиме се што е во наша можност да нема поскапување на електричната енергија од следната година. Секако, тоа ќе зависи и од планот за производство на ЕСМ, но ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Во интервју во Дневникот на ТВ Сител вечерва таа посочи дека цената по која во моментов ЕСМ ја снабдува ЕВН за крајните потрошувачи е 60 евра и, рече, „ако ги споредиме со реалните цени, тоа е многу пониско, што значи дека оваа Влада покажува интерес и се грижи за граѓаните“.

Увозот на струја наместо неделно, сега се прави на две недели и, како што рече, сега  транспарентно се кажуваат цените.

-За жал, бидејќи хидрологијата е многу лоша, под 20 отсто се водните резерви и затоа се правеше увоз… Се надеваме и првиот блок (од РЕК Битола) да биде во работа од декември и дека тој увоз ќе биде многу мал односно ќе се обидеме да се произведат доволно мегават-часови за целото население, вели Божиновска.

Во однос на состојбата во РЕК Битола и какви се плановите со Комбинатот, министерката кажа дека минатата недела имала средба со новиот менаџмент и дека затекнатата состојбата била „катастрофална“.

-Лично видов што се случува таму, ми беше презентирана ситуацијата што тие ја наследија. Можам да кажам дека има многу аномалии и дека е катастрофална состојбата. Немало направено ремонти, има голем број на непотребна залиха и, најважно од се, механизацијата не била употребувана и квалитетот на јагленот е несоодветен, изјави Божиновска.

Рударскиот институт од Штип во соработка РЕК Битола направил проект со план како ќе се ископува јагленот и рече дека за кратко време има подобрување во работата на блоковите и затоа  очекува да се обезбеди доволно количество енергија за претстојната зима.

-Одамна немаме видено од 17-тиот до 22-иот час, тоа се часови кога електричната енергија на берзите е многу скапа, во двата блока се произведува по 180  мегавати моќност, дури во минатиот викенд беше и 203 мегават-часови. Тоа значи е големо подобрување. А што се однесува до првиот блок кој не функционира, не бил направен ремонтот како што треба. Но овој менаџмент не увери дека ќе направат напори во декември да биде ставен на мрежа. Тоа значи да се зајакнат капацитетите и да се произведе максимум што е можно електрична енергија, додаде Божиновска.

За ваучерите за инвертер клима-уреди за домаќинства информираше дека вчера – на првиот ден од нивното доделување, биле поделени  76 проценти од над 6000 ваучери, а ќе може да се подигнат до крајот на месецов.

Рече дека граѓаните кои сметат дека се оштетени при изборот може да достават жалба во архивата на Министерството за енергетика и дека сите жалби ќе бидат проследени  и разгледани во нивната  правна служба.

Tags: Божиновскацена струја
Next Post
Фото: ЦИВИЛ

Дерала од Вилнус: Победата на Украина значи победа на демократијата во светот

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk